На пат кон Јуреј

Качување на „Октопуси“, 20 години подоцна

Мала група на качувачи предводени од страна на Ули Штек, на нивниот „заслужен одмор” беа во Колорадо на фестивалот за качување мраз во Јуреј. Недалеку од таму има барем 2 причини да се соочат со најпознатиот октопод во Карпестите Планини. Првата причина е посетата на првиот искачувач, кој живее во Боулдер, Колорадо, а втората е да се качи легендарната насока…

Во април 1994, серија фотографии го оставија качувачкиот свет без зборови. Тоа се случи откако еден качувач со дерези и бајли влезе во прекрасниот таван. За да достигне мала секција од мразот кој висеше, Џеф Лоу користеше техники за качување карпа. Уште еднаш, границите на качуањето микс беа поместени толку далеку што веќе беше измислена нова игра каде мразот со сигурност си ја изгуби главната улога. Далеку пред своето време, Џеф Лоу бил целосен качувач. Иако искачувањето на Ама Даблам во алпски стил и неговата насока Метаноја („Metanoïa“) на Северната Стена на Ајгер радикално ги изменија стандардите, и насоката „Октопуси“ („Octopussy“), првата М8 во светот, предизвикаа мал земјотрес во качувачката заедница. Ретко кога фотографиите предзивикаа толку соништа, интереси, или пак отворија нови врати: соединувањето на свтетовите на качувањето на крапа и качувањето на мраз.

Дваесет години подоцна, скоро до ден, на пат кон фестивалот за качување мраз во Јуреј, Ули Штек застана за да се види со Џеф Лоу, кој за жал последниве десет години боледува од Паркинсонова болест. Потоа, отиде кон варовничкитe карпи во амфитеатарот во Веил, вистинска лабораторија за качување микс во последниве 30 години и местото каде се наоѓа „Октопуси“.

  • „Kога излегоа сликите од „Октопуси“, имав 18 години. Јасно можев да си ги замислам во глава. За мене, насоката беше „неостварлива“, никогаш не мислев дека еден ден ќе бидам способен да качувам нешто такви. Веќе бев навлезен во алпинизмот и го имав качено Ајгер, но тукушто бев почнал да качувам мраз и да качувам со пластични чевли. Оваа е насока што инспирира. Иако беше невозможно за мене во тој момент, ме поттурна и ме мотивираше да тренирам. „Октопуси“ е една од легендарните насоки за кои си ветив дека некогаш во мојот живот ќе ги качам. Иако не е толку тешка, таа е дел од историјата. Да ми се допаѓа. Првпат кога го видов Амфитеатарот бев изненаден, како што напредокот во насоката продолжуваше.

 

Сите насоки се опремени со експанзивни клинови (освен оние кои биле искачени без експанзивни клинови) и има насоки со тежини до M13. „Октопуси“ е прекрасна насока. Почетокот е карпа со крупен превис осигуран со три експанзивни клина, и некако тешко закачување на клиновите од бајлите. Тенок мраз ги прекрива следните 20 m, тоа е цуг качен првпат во 1993 година и наречен е „Седмото Пипало“ („Seventh Tentacle“) и првично оценет со WI6+. На сидриштето има два експанзивни клина. Следи една лесна пречка која води до слабо изразен жлеб во таванот. Овде вкопчувате два изедначени клина и можете да додадете осигурување по потреба.

 

Од таму, има три витки движења во воздух пред пак со нозете да стапнете на мразот. Тука станува малку несигурно. На поглед, требаше да одлучам што ќе правам. Најпрвин, мислев дека можам да одам од лево, но на крајот отидов од десно, исто како при првенственото искачување. Излезот од вертикалата е тежок зашто мразот е тенок и сите „пипала“ се екстремно кратки. И горе-доле тоа е тоа. Иако клучниот дел е краток и целата насока варира, вклучува еден величествен цуг. Не сакав да ја изгубам приликата за онсајт (слободно искачување без пад), па така се држев на бајлите појако отколку што требаше. Џеф имал доста цврста умствена игра. Направил толку многу нешта. Мислам дека ова е пред своето време. Никогаш не се интересирал за бизнисот во планините, беше заинтересиран само за качување, вистински пасиониран алпинист. Кога ќе го видите си помислувате, треба да уживам што е можно повеќе, сево ова е благослов, и оваа ситуација може брзо да се смени. Сеуште можете да ја почувствувате неговата страст. Тоа е прекрасна лекција за храброст која предизвикува голема почит.“ – изјави Ули Штек.

„Октопуси“ не е првата насока на која е правен драјтулинг, но за првпат некој и некаде (коку што е документирано) отишол да качува мраз и слободно ја анулирал важноста на мразот, нешто слично како скијање без снег.

Умот на Џеф Лоу е доста голем. Тој ни ги има дадено првата цевчеста плочка за обезбедување, soft-shell јакната, и потоа, во Веил, демонстрираше она што ние го викаме „модерно качување микс“. По 20 години, вакви насоки има колку што има и мразулци, иако веќе и тие не се премногу потребни.