Ова се најдобрите 5 вежби за додавање на мускулна маса
Топ 5 вежби за зголемување на мускулната маса
Ако сакате мускулна маса, ова се вежбите за вас. На нив посветете им најмногу внимание, а останантите работете ги пропратно.
1. Мртви дигања (Dead lift)
Со оваа вежба се работат повеќе групи на мускули. Најмногу се оптоварува долниот дел на грбот, потоа задникот, задна ложа, латс и трапезот.
2. Чучњеви (Squats)
Со оваа вежба се оптоварува цело тело, а најмногу нозете, односно предниот дел на нозете (quadriceps), долниот дел на грбот а најмалку листовите. Другите мускули служат како стабилизатори на телото.
3. Бенч (Bench press)
Ова е една од најдобрите вежби за додавање на мускулна маса. Со оваа вежба работи скоро целиот горен дел на телото. Најмногу се оптоваруваат градите, долниот дел на трицепсот и рамената.
4. Подигнувања на вратило (Pull ups)
Со оваа вежба работат 2 групи на мускули. Најмногу работат мускулите на грбот, најмногу латсот, потоа бицепсот. Исто така може да се работи и со тегови, за побрз ефект.
5. Пропаѓања (Dips)
Можеби е чудно, но да. Со оваа вежба работат 3 групи на мускули. Оваа вежба може да се прави и со тегови што е екстра. Со оваа вежба најмногу се оптоваруваат долниот дел на градите, трицепсот а помалку рамената.