Пикантно варено јајце во фолија

Овој рецепт ќе ја возбуди вашата креативност и ќе ви овозможи квалитетен протеински оброк.
- 1 јајце
- 1 рендан морков
- рендан кашкавал
- малку магдонос
- 1-2 маслинки
- хималајска или крупна морска сол (пожелно минимално или воопшто бидејќи има маслинки)
- бибер (зачин по желба)
- парче готварска фолија
- маслиново масло
Подготовка
1. Една мала чинија се покрива со фолија и малку се премачкува со маслиново масло.
2. Потоа се додаваат сите состојки заедно со јајцето.
3. Фолијата се собира и се заврзува.
4. Се вари 3-5 минути во вода, во зависност од желбите за тврдоста на јајцето.