Во очекување на добро време на Нанга Парбат

Повеќе екипи за прво зимско искачување на Нанга Парбат

Во базниот логор под Рупалската (јужната) Стена на Нанга Парбат (8125 m н.в.) на 31 декември 2013 година пристигна експедицијата на Симоне Моро (Simone Moro). Покрај него во екипата се и германецот Давид Гетлер (David Göttler) и Емилио Превитали (Emilio Previtali). Објективот е вперен кон едно нешто. Првото зимско искачување на Нанга Парбат, 8000ката која заедно со К2 досега не биле качени во зима.

На својата интернет страница Моро соопшти дека на 2 јануари со Гетлер направиле аклиматизационо искачување, до 600 m над базниот логор.

Во истото време полските алпинисти, кои се наоќаат на истата страна на масивот, по насоката на Шел, се разделени на две наврски од по тројца тргнаа нагоре за да го постават третиот логор. На 1 јануари оваа година базниот логор го напуштија Томаш Мацкиевич (Tomasz Mackiewicz), Марек Клоновски (Marek Klonowski) и Михал Џиковски (Michał Dzikowski).

На 2 јануари после нив тргнаа Јацек Телер (Jacek Teler), Павел Дунај (Paweł Dunaj) и Михал Обрицки (Michał Obrycki). Но сите беа принудени да прекинат со активностите, затоа што времето нагло се влоши и се развила снежна бура. На 2 јануари вечерта ситуацијата беше следната: Мацкиевич и Џиковски беа во вториот логор (5200 m н.в.), Марек Клоновски во првиот логор (5500 m н.в.), а останатите тројца во т.н. склад на 4350 m н.в.

Групата на Симоне Моро ги користеше фиксираните јажиња на полската екипа, што значи дека двата тима си ги здружуваат силите во зимската битка за Нанга Парбат. Во следните денови се очекува стабилно време под влијанието на циклон од североисток.

Во исто време, Ралф Дујмовиц (Ralf Dujmovitz) и Дарек Залуски (Darek Zaluski) го напуштија обдот за зимско искачување на Нанга. Дујмовиц планираше да ја иссолира насоката на Рајнолд Меснер од 1978 год. по Диамирксата Стена, но, според неговите изјави, се повлекол поради опасни услови во насоката особено опасната бариера од сераци надвиснати над долниот дел од Меснеровата насока. Ризикот, според Дујмовиц, е непредвидлив и тој не би сакал да ризикува.

Симоне Моро изјави дека „планината е доста сува, со малку снег. Изгледа дека малку паѓал снег на оваа страна, веројатно помалку од вообичаеното, а ова го рекоа и локалните овчари.”

Емилио Превитали додаде дека „Насоката на Шел е линијата која Симоне и Давид планираат да ја качат, се издигнува на левата страна од стената и завршува на околу 7000 m во делот на Диамир. Рупалската стена е огромна, навистина огромна. Најголема е во светот, од базниот логор до врвот има околу 4500 m висинска разлика. Кога стоите под неа, тешко е да се замисли дека горе има врв. Нешто слично, за некој добар пливач, да скокне во водите на Гибралтар и да отплива низ Тихиот Океан сè до Њујорк.”

Во очекување на добри временски услови, очекуваме и успешно зимско искачување на Нанга Парбат