За најпиколините

Студено е, сиво или сте заглавени некаде каде што има многу… односно затворени по дома. Па затоа, еве неколку активности со кои што можете да направите да ви е забавно вам и на најмалите. Прекршете неколку правила по пат.

Значи скратете на рестрикциите што важат во вашиот дом, па нека е и малку несредено.

Предлог 1: Градете “планини” или “куќички” со перници и некои делови од каучот. Малецките ќе уживаат да се пикаат во нив, под нив, да ги рушат и слично.

Предлог 2:
Не за џабе децата уживаат да се цртаат, мислам да се чкртаат себе. Па зошто да не им се придружиме и ние возрасните. Сега барем има избор на face paint (бои за тело и лице), меки четки и сунѓерчиња, маркери што лесно можат да се отстранат. Седнете некаде во дневниот простор, поставете чаршав или било какво платно за да го заштитите подот и килимот и уживајте. Цртајте ги нив и дозволете тие вас да ве украсат.

Предлог 3: Доколку сте заглавени некаде поради снег или пак сте на планина во викендичка и сакате да останете на топло, донесете го снегот внатре. Наполнете корито или леген со снег, поставете некое платно или мушама на подот и принесете уште некои реквизити: чашки, кутлачи, ако не ви е премногу хаотично можете и да го боите снегот со washable темперни или водени бои. Пиколините ќе “готват”, мешаат, бојат и уживаат.

Предлог 4: Седењето по дома е седење по дома, преместување од еден на друг кревет, кауч. Е па време е за малку спорт! Направете патека со “пречки” од она што ќе ви се најде: перници, столици, топчиња, кутии, играчки кои може да се јаваат/возат (коњче, количка за пиколините од 9 месеци до 2 години). Нека малецките се протнуваат, прекачуваат, ползат и сл.

Предлог 6: Кујната е уште една соба каде што може да е забавно. Замешајте брашно со вода и сол и ќе добите ефтино playdough, сигурно имате калапи за колачи во различни форми… забавувајте се; пресечете компири на половина, земете темперни бои или водени бои и правете печати на листови хартија.

 

Овие неколку предлози за забава по дома ќе ви го ублажат времето поминато во затворен простор. А овие се некогаш и најнезаборавните моменти од развојот на вашите мили. Овековечете го “хаосот” со фотографии.

Автор

Stojana Popovska

Скопје

Македонија