Совети и искуството што може да ви помогне лично на вас

Мило ми е што во последно време се повеќе луѓе се грижат за своето тело. Тоа го подржувам и секако сакам секој да си ја постигне својата цел.Тоа што не ме исполнува е тоа што секаде има информации кој можат да ви го изгубат времето или да ви помогнат. Па си реков зашто да не ви помогнам да препознаете што е добар совет а што е лош.

Во овие 3 месеци работа,активно со клиенти разбрав дека тренингот е еден дел од процесот на креирање на подобро тело и подобрување на себеси. Разбрав дека не е само да направиш чучњеви,мртво кревање и сите други останати вежби. Разбрав дека вежбањето паметно е многу подобро од префорсирањето. Личното искуство не може да го промени било кој совет даден од некој човек на интернет што сега почнува со вежбање или знае за исхрана.

Факт е дека со фитнес имам почнато од моите 16 години, сум пробал разни диети и сум направил се да ја постигнам мојата цел.

И секоја промена имаше сомневање дека нема да успеам, дека тоа што го правам е лошо или кога вагата ќе покажеше повеќе јас ќе идев порестриктивно и сите тие тренди диети нема да ви го решат проблемот со психата, туку може со вагата.

Но прашањето на секоја диета треба да е што понатаму?

Сте се запрашале зашто луѓето држат диети и после добиените резултати се враќаат со дупло повеќе килограми?

Одговорот на тоа прашање е дека немале одредено цел и одговор на прашањето:

Како ќе ја одржувам таа линија, за да не биде постигнат јо-јо ефектот?

И решението на тој проблем е едноставен, не треба да читате некоја специфична статија за тоа како треба да ослабнете, каква храна треба да се јаде, кој тип на тренинг треба да се вежба, сето тоа може да го добиете ако го прашате вистинскиот човек.

А што е решението на се?

Која е најдобрата програма, која е најдобрата исхрана за мене, колку дневно треба да спијам и дали имам стрес?

Земете лист и пенкало и пишете во неа.

Најдобрата програма за вежбање,исхрана и за било што и да правите е ако пишувате и следите што јадете, така ментално и психички добивате слика за тоа дали прогресирате или тоа што го правите е контра продуктивно.

Може да го изнајмите и најдобриот тренер на светот, но треба да знаете дека 70% од работата е до вас, другото е до програмата, до поврзаноста и мотивацијата од вашиот тренер (колку построг толку подобар,но сепак со умереност) и следењето и пишувањето во вашиот дневник за тоа што јадете,колку кревате и колку е вашиот обем.

Секогаш ако имате прашања или сомневања прашајте некој експерт, што има искуство од тоа поле, не некој што ќе ви каже дека морате некој продукт да земете или апче за слабеење за да ја постигнете вашата цел.

А која е вашата цел?

Дали е топење масти?

Дали е одржување на вашата тежина?

Дали е добивање мускулна маса?

Запомнете дека нема поголемо оружје од вашиот мозок и визуелизирањето на тоа што сакате да постигнете.

И да нема брзо решение на вашите килограми, нема суплемент што ќе ви даде побрзи резултати од нормалното, нема најдобра програма (освен од таа што запишувате прогрес во тежините и вежбите) и нема диета што брзо ќе ги стопи килограмите (сите диети ви даваат сув изглед и не тонирано тело).

Затоа запомнете ги овие 5 работи за најефективно постигнување на вашата цел :

1.Дефинирајте цел

2.Редовно пишувајте во вашиот дневник за исхраната,програмата и чувствата за промената на телото

3.Тргни ја вагата, но почни да мериш обем во стомакот, затоа што тоа е индикатор за прогрес

4.Следете ја програмата и правете мали промени ако треба

5.Бидите трпелив, резултатите не доаѓаат преку ноќ.

П.С за да видите очигледни резултати потребни се минимум 6 месеци се зависи до колку % телесни масти имате.

За да согорите еден килограм масти неделно од вашето тело потребен е калориски дефицит од 7000-8000 калории неделно.

Разликата помеѓу пола килограм сало и маст е следната. Што сакате повеќе во вашето тело?

 

Автор

Atletiks Fitness

Скопје

Македонија