BJJ & JKD за малишани

Тренинзи за деца на возраст од 5,6 и 7 годишна возраст, со цел подобрување на менталното и физичкото здравје

 

BJJ ROOTS CENTAR огранизира БЏЏ (бразилскo џиу џитсу) и ЏКД (џит кун до) тренинзи за деца на возраст од 5,6 и 7 годишна возраст, со цел подобрување на менталното и физичкото здравје. Придобивките се следниве:

– зголемување на мускулниот тонус и мускулната маса
– ја зголемува истрајноста, упорноста и издржливоста
– ја зголемува флексибилноста
– го зголемува анаеробниот и аеробниот капацитет
– го зголемува нивото на самодоверба
– вежбајќи БЏЏ се намалува нивото на стрес
– се подобруваат вниманието и концентрацијата
– ни дава поголема енергија во текот на денот, со тоа што имаме подобра исхрана и позитивно влијае на физичкото и менталното здравје
– го подобрува логичкото размислување
– ја зачувува смиреноста на умот, телото и духот
– стекнување и подобрување на работна навика
– губење телесна тежина
– подобрување на движењата и моториката
– правилно дишење
– ја подобрува координацијата на телото
– правилен раст и развој
– избегнување на деформитети и корекција на деформитети на рбетен столб
– подобрување на перцепцијата
– подобрување на сензорната организација
– го подобрува расположението
– ја намалува депресијата и болката
– го подобрува спиењето
– учење самоконтрола.

Исто така, имаме програма адаптирана врз можностите и способностите на децата.
Ќе се применуваат вежби за доживување на телесната шема, вежби за доживување на гестуалниот простор, вежби за откривање на објективниот простор, вежби за правилно насочување и изградба на латерализација на телото, вежби за воочување на присуство на друго лице, вежби за координација на движења, координација на горни и долни екстремитети, вежби за воочување и препознавање на ритам.

Тренинзите се одржуваат секој вторник и четврток со почеток во 17:45 минути. За подетални информации обратете се кај Аце Брсакоски на телефон: 070 426 542.