5 зошто и 5 затоа за кокосовото масло

Ако се уште не сте тркнале да се обезбедите со тегличка кокосово масло, еве ви неколку причини денес да го направите тоа.

Единствена комбинација од масни киселини?

И тоа од оние здрави масни киселини. Во минатото кокосовото масло беше демонизирано затоа што содржи заситени масни киселини, но овие се разликуваат бидејќи нивниот синџир е со средна должина и е поинаку метаболизиран. За разлика од масните киселини со долги синџири кои се штетни, оние во кокосовото масло имаат позитивен ефект врз мозокот. Диетите сиромашни со јаглехидрати, а богати со масти се испитуваат и сметаат за полезни кај заболувања на нервниот систем како епилепсија и алцхајмер.

Традиционалните консументи се меѓу најздравите народи?

Иако во западниот свет кокосовото масло важи за егзотична храна и храна која ја консумираат само оние кои се грижат за своето здравје, сепак во јужните делови од Тихиот Океан постојат народи кои дури 60% од дневните калории ги внесуваат токму преку кокосово масло. Токму тие полинезиски народи се меѓу најздравите, со никаква инциденца на кардиоваскуларни заболувања.

Зголемена потрошувачка на енергија?

Не е само битен бројот на калориите, туку и изворот. Повторно се враќаме на масните киселини со среден синџир. За разлика од долгите синџири, овие масни киселини доведуваат до зголемена енергетска потрошувачка што е еднакво на согорување на повеќе калории. Една студијаврз 40 испитанички со висок БМИ и абдоминално локализирано масно ткиво, резултирала со подобрување на БМИ и намалување на обемот преку супституирање на само 30 мл кокосово масло дневно.

Антибактериско и антимикотично својство?

Овој ефект на кокосовото масло доаѓа од лауричната киселина, која е застапена со речиси 50%. Во телото се метаболизира до монолауреат, супстанца со антибактериски способности која се бори со патогените бактерии како белиот стафилококус и габичките на кандида.

Позитивно делува и однадвор?

Освен како храна кокосовото масло е и одличен козметски продукт. Дава одличен ефект како маска за коса, а исто така и помага во намалување на првутот. Ја потхранува и штити и кожата подобрувајќи го нејзиниот липиден профил, а има и одреден заштитен фактор од сончевите УВ зраци.