Визуелизација и имагинација на движењата и акциите

Што подлабоко можат спортските стучњаците да навлезат во спортот и тренажниот процес, толку посовршени спортисти ќе успеат да состават. Балансот помеѓу квалитетно изграден физикус и ментални атрибути на високо ниво е клучно доколку некој професионално се занимава со спорт.

Во овој текст ќе појаснеме некои детали околу психолошката припрема и еден нејзин метод – Визуелизација/Имагинација. Овој метод подразбира замислување на движењата кои планираме да ги изведеме и можните грешки кои би се појавиле за време на тренингот или натпреварот. Користејќи ја имагинација како психолошки тренинг може и да ги усовршиме или корегираме научените движења кои за време натпреварот ни доаѓаат природно. Со константо користење на овие техники мозокот создава импресивна способност да создава слики, ситуации и како ние би се вклопиле во нив. За разлика од физичкиот тренинг, сликовитото замислување може да се употреби во секое време и под различни услови.

Сликовитото замислување во спортот се дели на неколку сегменти (модалитети) кои понатаму продолжуваат да се расчленуваат. Тоа се: сензорно-перцептивни модалитети, гледањето од различни перспективи, брзина на замислување на движењето, фокусирање на вниманието и замислување на идеален перформанс (мајсторство).

Сензорно-перцептивни модалитети

  • Визуелни
  • Кинестетички (позиција, баланс, движење)
  • Аудитивни (звуци)
  • Мирисни
  • Вкус
  • Кожни (допир, температура)
  • Висцерално-емоционални
  • Болка

Гледање од различни перспективи

  • Внатрешна (преку свои очи)
  • Надворешна (гледајќи се себеси од друг агол)

Брзина на замислување на движењето

  • Нормална (real-time)
  • Забавена (slow motion)
  • Забрзана (high-speed)

Фокусирање на вниманието

  • Асоцијативно, целосно (фокусирање на изведбата)
  • Дисоцијативно, дистанцирано (дефокусирање при изведба)

Замислување на идеален перформанс (мајсторство)

  • Мајсторство (идеален перформанс)
  • Соочување (планирано решавање на проблеми)

Најчесто сликовитото замислување е претставено како визуелизација, рефлектирајќи ја улогата на визуелизацијата преку осетливоста која ја добиваме од сензорно-перцептивните сетила, надоврзана од искуства во секојдневниот живот. Во спортот визуелните и кинестетичките чувства се тесно поврза со успешниот перформанс.

Како и да, не треба да се одтргне важноста од другите сензорно-перцептивни модалитети. На пример допирот и звуците може да предизвикаат пореално сценарио (пример држејќи ја топката во раце, звукот на мрежата кога ќе се постигне кош) и добиваме важни знаци кои се огласуваат за време на изведбата (пример работата со нозе на противникот во бокс и ритамот на неговите движења).Сите овие додатни варијанти ни даваат можност за поуспешно замислување и предвидување на случувањата внатре во спортистот.

Користејќи ги менталните проби може да употребуваме две перспективи, внантрешна (преку свои очи) и надворешна (гледајќи се од друг агол). Користење на внатрешна перспектива ја дава можноста спортистот да се најде во пореална положба поврзана со кинестатичките елементи на изведбата, и дава место визуелните знаци кои ги добива при спортувањето да можеме полесно да ги искористи при замислата. Но исто така перцепирање од друг агол ни нуди добро гледиште за акциите и движењата кои може нашиот противник да ги употреби.

Затоа тренерите застануваат на одредени места од теренот за да можат да ги добијат бараните информации. Гледањето на снимени натпревари го преферира овој вид на перспектива со цел усовршување на движењата при тимски и индивидуални спортови.

Одбжување на вниманието во спортот и негово контролирање дава голем придонес при крајниот резултат. За повеќето спортови асоцијативниот модалитет се темели врз директно оддржување на позитивниот фокусот при изведбата. Но некогаш намерното дефокусирање при изведбата може да влијае позитивно врз истата. Оние спортистите кои се под стрес или поседуваат високо нивно на анксиозност, губат концентрација поради публиката, добиваат негатива енергија при изведбата од своето лично размислување е добро да го користат модалитетот на дисоцијативно внимание.

Кога настанува преголем замор или се појавува ситна повреда, спортистот може да даде подобра изведба не размислувајќи на настанатиот проблем и психо-физичката нелагодност. Но во други случаеви спортистот мора да е ,,присутен” за да не дојде до некоја посериозна повреда.

Замислување на изведбата при одредена брзина нуди различни предности од секоја перспектива. Нормалното време (real-time) дава имагинација за како да ги темпираме движењата и координираме сложените вештини. Забавеното (slow motion) визуелизирање дава преглед на грешките кои ги правиме. Потоа логично добиваме патоказ како да се корегираат неправилностите, па дури добиваме можност да забележиме голем број на деталите при изведбата. На пример визуелизирање на сложени движења во џудото со цел нив да ги донесеме до перфекција. Забрзаното (high-speed) визуелизирање е специјално наменето за реализирање на натпреварувачкиот план и припрема пред почетокот.

Мајсторство (идеален перформанс) дава визуелизација на случувањата според планот. Ваков вид на визуелизација на вештините или тактиката овозможува ментална спремност и фокусирање на вниманието за поткревање на самодовербата. Соочувањето е вид на имагинација која ни дава опции да ги предвидиме можните проблеми (губење фокус, негативни емоции, грешки при изведбата) и да вежбаме рефокусирање доколку тие несакани случки настанат.

Индивидуалните разлики во спортските вештини, способностите за визуелен тренинг и мотивацијата за интензивен визуелен тренинг ќе го одредат типот и методот на психолошка припрема кој треба да му се даде на секој спортист индивидуално за подобрување на личната изведба.

Автор

Martin Mojsovski

Охрид

Македонија