Слатко-горчливaта тајна на цитроните

Зошто цитроните се главни во секоја втора диета?

Освен што е мало богатство од витамин Ц, цитронот изобилува и со други микронутрициенси. Во црвените цитрони има големи количества на ликопен, моќен антиоксиданс, за кој се тврди дека поседува и антиканцерогени својства. Оваа особина на ликопенот била најчесто испитувана кога станува збор за рак на простатата кај мажите.

Цитроните изобилуваат и со флавоноидот нарингенин. Овој флавоноид се поврзува со репарација на оштетените ДНК молекули и со функцијата на црниот дроб. Истражувачите сметаат дека нарингенинот го стимулира црниот дроб наместо да ги складира, да ги троши и исфрла мастите. Затоа во секоја втора диета, цитроните се главната намирница. Сепак токму овој флавоноид го прави цитронот непогоден за консумација кај лица кои примаат лекови против покачен холестерол.

  • Практичен факт: Наједноставно е цитронот да се преполови и да се консумира со лажица. Лупењето како портокал е далеку посложено.

Цитроните се и одличен извор на витаминот А кој е чувар на видот. Во само 130 грами сок од цитрон има една третина од дневните потреби за овој витамин. Во комбинација со една лажичка мед, цитронот може да стане одличен утрински горко-сладок витамински стартер.

  • Хомеопатски лек за разбивање на жолчни камења: Комбинацијата од цитрон и маслиново масло, иако не е научно докажано, во хомеопатските кругови важи за одличен прочистувач на хепарот и жолчните патишта и се користи за ослободување од камења во жочката. Сепак ова прочистување не се препорачува без претходна консултација со соодветно лице.