Македонска толумба

Домашни печени толумби

Ако ви се пријаде ептен шербет десерт, еве еден домашен рецепт за добропознатата толумба.

 
  • 300г брашно
  • 100мл масло
  • 500мл вода
  • 6 јајца
  • 1 пециво 
  • за шербет:
  • 800г шеќер
  • 400мл вода
 

Подготовка

1. Во сад ги оставаме водата и маслото да зовријат, а потоа го додаваме брашното и го тргаме од оганот мешајќи додека не добиеме густа смеса.

2. Кога ќе се олади смесата ги додаваме јајцата едно по едно со постојано мешање.

3. Го полниме шприцот за толумби и ги ставиме на хартија за печење.

4. Се печат на 180 степени, околу 15 минути.

5. Шербетот се подготвува на тој начин што кога ќе зовријат шеќерот и водата, се оставаат 10тина минути, а потоа се остава да се излади.

6. Топлите толумби се ставаат во ладен шербет.