Станете подобар родител – прекршете некое правило!

Непишани правила за воспитување на децата

Хедер Шумакер е во поход против стандардните конвенции на воспитување на малецките кои инсистираат на тоа децата “да си играат убаво”. Таа е мајка на две деца и автор на книгата “It’s OK Not to Share and Other Renegade Rules for Raising Competent and Compassionate Kids”. Хедер вели дека правилата што таа ги поставувала им овозможиле на нејзините деца да научат некои важни лекции од животот.

Еве неколку од нив и што велат експертите за истите:

Правило #1: Вашето дете може да одбие да си игра со друго дете и обратно.

“Превземањето на социјални ризици и справувањето со отфрлање е важна животна лекција,” вели Шумакер. Анастасиа Гавалас, советник за воспитување/родителство со 20 годишно искуство и мајка на 5 деца се сложува до некаде со ова правило.

Таа вели: “Се додека децата се безбедни и покажуваат почит, тие имаат право да бираат со кој ќе си играат.” Доколку вие сега му бирате и наметнувате другарче на вашето дете тоа ќе има потешкотии во донесување одлуки кога ќе има слобода на избор. Значи “голтнете кнедла” и бидете трпеливи додека вашето дете си игра со другарчето кое тоа го одбрало иако вам ви оди на нерви. Само набљудувајте ја нивната интеракција.

 

Правило #2: Вашиот син може да си игра со кукли, а вашата ќерка со камиони.

“Половите правила предизвикуваат чувство на срам и ги збунуваат децата кои ги следат своите инстинкти и преференци” вели Гавалас. ”Родителите треба неутрално да ги набљудуваат своите деца додека ги насочуваат да бидат најдобри во она што се. Сепак кога децата достигнуваат возраст од 5 – 6 години тогаш тие го чувствуваат притисокот од нивните врсници да се инволвираат во активности типични за нивниот пол” вели Давид Хил, педијатар и член на Американската Академија на Педијатри.

Правило #3: Груба игра со другарчињата е здрава.

“Другарчиња” тука е клучниот збор. Грубата игра може да биде здрав(а) дел/епизода од детството, но доколку вашето дете одбира таква игра тогаш мора да одбере и другарчиња што ја сакаат истата. “Р’вањето, борењето им овозможува на децата да ги откријат своите лимити, но и на нивните друшкани и тоа на вистински начин. А вие како родители треба да интервенирате штом забележите дека некое од децата е при крај со играта. Значи во случај на фрустрација или лутина настапувате вие со цел да ставите крај на истата. Се додека се тркалаат, борат и смеат е во ред ” вели Диана Левин, автор на The War Play Dilemma и професор на Вилок Колеџ.

Правило #4: Употреба на пцофки – дозволено.

“Децата сакаат да кажуваат пцофки. Дозволете им но во некој одреден простор и време”, предлага Шумакер. Кога ќе употребат некој лош збор, објаснете го неговото значење. Додека Левин од друга страна пак не се согласува со тоа ни под разно.

Правило #5: Во ред е да не делиш.

Родителите често пати ги присилуваат децата да споделуваат играчки (пр. лулашка) на локалното игралиште со нивните другарчиња уште пред да завршат со својата игра, но тоа завршува без успех во повеќето случаи.

Објаснете му на вашето дете дека играњето со одредена играчка подолго време е дозволено и прифатливо дома, но не и онаму каде што играчките постојат за сите: во училиште или игралиштетото пред зграда, во парк и сл. Дајте му временски лимит на вашето малецко кога треба да се откаже од лулашката. Да речеме: Бројте до 5 на прсти.