Академија Пандев 10 Јуниор – Охрид победник на турнирот за деца во мал фудбал „Климент Колески“

Охридската екипа Фудбалска Академија Пандев 10 Јуниор  во 2002 година и Работнички од Скопје во 2004 година се победници на првиот турнир за деца во мал фудбал „Климент Колески”, што викендов се одржа во Охрид во организација на фондацијата „Климент Колески”.

 

Во финалната пресметка фудбалерите на Фудбалска Академија Пандев 10 Јуниор го совладаа скопски Металург со 2-0 и сосема заслужено се искачија на победничкиот трон. Бронзениот медал им припадна на Фудбалски клуб ЛГ Битола кои во „малото” финале триумфираа против Работнички со 3-1.

Во помладата категорија Фудбалски клуб Работнички до златото стигнаа победувајќи го битолскиот тим ЛГ со 2-1 во финалето. Бронзениот медал во категоријата 2004 година им припадна на Фудбалска школа Прилеп.

Покрај медалите на екипите учесници им беа доделени благодарници, а имаше награди за најдобар стрелец Теодор Перковски – ФК Работнички (2004 година) и Никола Димитриоски – ФК ЛГ Битола (2002 година) како и за најдобар голман Тони Силјаноски – ФК ЛГ Битола (2004 година) и Хадис Салоски ФА Пандев 10 Јуниор (2002 година).

На првиот турнир за деца во мал фудбал „Климент Колески” учествуваат шест екипи од земјава, а се играше во спортските арени „Билјанини Извори” и „Климент Колески”.

Oрганизаторот, фондацијата „Климент Колески” најавува дека дека турнирот во фудбал за деца ќе прерасне во традиција.