Детски турнир во мал фудбал „Климент Колески" Охрид

Резултати од првиот ден на турнирот „Климент Колески”

Денеска во Охрид, започна детскиот турнир во мал фудбал „Климент Колески”. Во името на организаторот, турнирот го отвори г-н Бранко Ристески кој истакна дека му претставува големо задоволство што со ваква спортска манифестација ќе се допринесе во чествувањето на празникот и патронот на градот „Св. Климент Охридски”.

Тој истакна дека турнирот го носи името на еден од најголемите вљубеници во спортот Климент Колески, кој воедно беше исклучително посветен на најмладите кои неизмерно ги сакаше и поддржуваше.

На турнирот учество ќе земат шест екипи: Металург и Работнички од Скопје, ЛГ од Битола, Прилеп од Прилеп, Караорман од Струга и Фудбалската академија Пандев 10 – јуниор од Охрид. Екипите ќе настапат со по две генерации играчи и тоа 2002 година и помлади и 2004 година и помлади. Тие силите ќе ги одмерат во спортските сали „Билјанини извори” и “Климент Колески” во Охрид.

РЕЗУЛТАТИ од натпреварите по групи

Генерација 2002

Група А
Металург Скопје – Караорман Струга 10:0
Академија Пандев Охрид – Металург Скопје 2:3
Караорман Струга – Академија Пандев Охрид 1:4

Табела Група А

  1. Метаруг Скопје 6
  2. Академија Пандев Охрид 3
  3. Караорман Струга 0

Група Б

Прилеп Прилеп – ЛГ Битола 1:2
Работнички Скопје – Прилеп Прилеп 4:2
ЛГ Битола – Работнички Скопје 5:2

Табела Група Б

  1. ЛГ Битола 6
  2. Работнички Скопје 3
  3. Прилеп Прилеп 0

Во полуфиналето утре ќе играат:

  • Металург Скопје – Работнички Скопје (09.30)
  • ЛГ Битола – Академија Пандев Охрид (10.30)
Натпреварот за трето место ќе се игра на 08.12.2013 во 11.45, а финалето истиот ден во 12.45.
Затворањето на турнирот и прогласувањето на победниците ќе биде во недела во 14.00 часот

 

ГЕНЕРАЦИЈА 2004

 Група А

Академија Пандев Охрид – Прилеп Прилеп 1:1
Работнички Скопје – Академија Пандев Охрид 4:2
Прилеп Прилеп – Работнички Скопје 1:2 

Табела Група А

  1. Работнички Скопје 6
  2. Прилеп Прилеп 1
  3. Академија Пандево Охрид 1

 Група Б

Караорман Струга – Металург Скопје 1:0
ЛГ Битола – Караорман Струга 2:0
Металург Скопје – ЛГ Битола 1:1

Табела Група Б

  1. ЛГ Битола 4
  2. Караорман Струга 3
  3. Металург Скопје 1

Во полуфиналето утре ќе играат:

  • Работнички Скопје – Караорман Струга (09.45)
  • ЛГ Битола – Прилеп Прилео (10.30)

Натпреварот за трето место ќе се игра на 08.12.2013 во 11.45, а финалето истиот ден во 12.45.
Затворањето на турнирот и прогласувањето на победниците ќе биде во недела во 14.00 часот

Автор

Fudbalska Akademija Pandev - 10 Junior - Ohrid

Охрид

Македонија