Изберете го најздравиот меѓу здравите

Кој не се сложува дека житните десерти се одлична ужинка, нека го напушти часот. Кој се сложува и ужива во нив нека прочита 4 правила за одбирање на најздравиот житен десерт. 

Како и во сите други намирници, а особено во миксовите од состојки како што се житните десерти, може да пронајдете и некои непријателски настроени додатоци кои никој од нас не ги сака во својата ужинка. 

1. Прво правило кога купувате житен десерт е да ги погледнете состојките, а особено внимание да обратите дали меѓу нив има од следните а) чие име не го разбирате б) кои не можете ниту да ги изговорите в) ако има такви повеќе од 5 состојки г) високо фруктозен пченкарен сируп (HFCS). Ако вашиот омилен житен десерт одговара позитивно на некои од овие прашања, тогаш треба да размислите и да одберете некој друг. Што се однесува до непознатите состојки, не мора да значи дека истите се опасни адитиви. Непознати состојки за некој може да бидат и чија, мака, гоџи, кои напротив се целосно природни и здрави… сепак останува да прочитате и да се осигурате.

2. Второто правило е да го забележите протеинскиот извор во житниот десерт. Се препорачува да го избегнете изолатот на соин протеин од причини што најчесто станува збор за ГМО соја, а и кога не е така според некои истражувања овој изолат бидејќи е високо процесиран воопшто не му годи на телото, туку се однесува како хормон со сите несакани последици. Исто така протеините во житниот десерт може да бидат сурутка во прав, на ова внимание траба да обратат веганите и оние кои избегнуваат млечни производи. Уште еден здрав и јак протеински извор е конопот, па истиот е добредојден.

3. Трета состојка на која треба да внимавате е засладувачот. Дали е со природно потекло или не? Ако го забележите високо фруктозниот пченкарен сируп, преминете на наредниот житен десерт. Ова е засладувач кој не го сакате во ниту еден производ во вашата корпа за пазарување. Сувото овошје што многу житни десерти го содржат е доволно за задоволување на “слаткиот заб”, а освен тоа можете да наидете и на мед, кафеав шеќер, агавин нектар и многу други кои се добредојдени и секако стевиа. Уште една работа, најчесто состојките се наведуваат според застапеноста, па ако засладувачот е меѓу првите наведени состојки, најверојатно држите многу засладен десерт.

4. И секако треба да внимавате на изворот на масти. На хидрогенизираните масти како соино, палмино, канола не им е местото во здрав и хранлив житен десерт. Семките од сончоглед, семките од тиква, бадемите и оревите се одличен извор на здрави масти. На крај, житен десерт со солидна количина јатки и семки, не само што ќе ви обезбеди доза масти, туку ќе ви обезбеди и доза протеини.

На здравје ужинка.