Ново искачување на Хималаите

Првенствено искачување на Хималаите на Инес Паперт и Томас Зенф

Бипхера Го Шар или Ликху Чули I (Biphera Go Shar или Likhu Chuli I, 6730 m или 6718 m) е дел од масивот Ролвалинг Химал во Непалските Хималаи, а најлесниот приод кон него да е пределот Соло Кхумбу.

На север от Бипхера Го Шар тргнува гребен, в кој се наоѓаат познатите 6000 m-ски врвови Парчамо (Parchamo, 6273 m), Тенги Раги Тау (Tengi Ragi Tau, 6943 m) и Драгнаг Ри (Dragnag Ri, 6801 m).

Инес Паперт, која е позната по своите достигнувања најмногу во качувањето мраз и искачувањата во алпски стил, овојпат за првпат си постави една повисока цел. Во есента оваа година заедно со швајцарецот Томас Зенф (Thomas Senf) имаа намера да си ги пробаат силите по северната стена на Тенгкангпоче (Tengkangpoche, 6499 m). Оваа стена за првпат е искачена во 2008 година од швацарците Ули Штек и Симон Антаматен. Како и да е, поради општ недостаток на мраз, избраната линија за искачување не беше во добра состојба а сите други опции биле опасни поради надвиснатите сераци од горе.

Обајцата тргнаа по стената на 11 ноември оваа година во алпски стил, по периодот кога сите други алпинисти го имаа напуштено овој реон. Наидуваат на одлични услови, прават брз напредок и искачуваат околу 1800 m, половина од тоа ненаврзани. Стената се покажува екстремно тешка поради огромната снежна стреа на врвот и свеж снег во кој се пропаѓало до половина. Како што настапил мракот наврската била приморана да бивакува неколку метра под гребенот и издржале долга смрзнувачка ноќ на отворено на мала неудобна полица над падината со наклон од 70°.

Стигнувајќи олку далеку обајцата не сакале да се повлечат. Следното утро, водени од Ханс Хорнбергер (Hans Hornberger) кој го документирал искачувањето од подножјето на планината, наврската ја совладува стреата. На кратко потоа стигнуваат пред врвот.
Паперт и Зенф наоѓаат место каде да го распнат шаторот и поминуваат втора ноќ во планината. Следното утро сфаќаат дека крајниот дел од врвниот гребен е невозможно да се качи поради големата количина нов прашнест снег и затоа прават долга пречка по целата северна стена за да стигнат до западниот гребен.

Уште еднаш соочени со студ, силни ветрови, присилени се да го распната шаторот и да одморат неколку часа. Тогаш Зенф покажува значи на смрзнатини на ногата и Швајцарецот се одлучува да не продолжи, и покрај тоа што врвот бил претерано близу.

Зенф објаснува:

  • „Aко продолжев моите прсти на нозете ќе ги зафатеа сериозни смрзнатини. Бев многу задоволен дека Инес продолжи кон врвот сама. Ќе беше разочарување ако и таа не отидеше на врвот поради мене.”

И покрај силните ветрови Паперт тргнала околу пладне и откако се пробила на 70°-ските падини на врвот стапнува во околу 14:00 часот. „Да бидам првата личност која стапнала на хималајски врв е неповторлив момент” вели Паперт „Но тоа не беше придружено со голема радост. Морав веднаш да се вратам поради Томас. Студот и надморската височина веќе почнаа да си го наплаќаат данокот.”

По трет бивак Паперт и Зенф се спуштаат по западниот гребен и безбедни стигнуваат во Напредниот Базен Логор на 14. XI 2013 година. Обајцата имале смрзнатини од втор степен.

  • „Никогаш не мислев дека смрзнатините можат да бидат толку подмолни, да се појават без да забележиш” рече Паперт „беше постудено од претходно, за време на целата експедиција, и првите знаци на смрзнатини ги сфативме сериозно. Сега на нашите прсти на дланките и стапалата ќе им треба време да зацелат во потполност.”

Искачувањето на Паперт е званично признаено како прво искачување на врвот Ликху Чули I благодарение на Били Билринг (Billi Birling), колешка на познатата хималајска хроничарка Елизабет Хоули (Elisabeth Hawley). Всушност, до скоро време се веруваше дека француската експедиција водена од Робер Сандо (Robert Sandoz) прва стапила на врвот на 21 октомври 1960 година, но благодарение на новите информации и внимателното споредување на извештаите од обете експедиции стана јасно дека француската екипа стигнала на врвот Ликху Чули II, кој се наоѓа на околу 2 km од врвот Ликху Чули I.

Искачувањето:

Базен Логор: 2. XI 2013, 4300 m Тенгпо, лоџот Парчамо
Напреден Базен Логор: 7. XI 2013 4850 m, езерото Омизо
Логор 1: 10. XI 2013, 6580 m
Логор 3: 11. XI 2013, 6620 m
Логор 1: 12. XI 2013, 6580 m
Врв: 13. XI 2013, 6719 m, Инес Паперт, во 14:00
Напреден Базен Логор: 14. XI 2013 во 14:00