Диета 5:2

Во последно време сите зборуваат за 5:2 диетата! Во што е финтата?

За време на 2 непоследователни дена во неделата жените треба да внесуваат 500 калории на ден, а мажите 600. Останатите 5 дена може да јадете нормално (да и чоколади и пица и чипс). Со ваквата диета, или пост, вашето тело наместо да таложи масти (за не дај Боже) како кај другите диети, прави пауза од прејадувањето, се чисти и ги опоравува оштетените ќелии.

Покрај тоа што диетата е многу едноставна за држење и се губат во просек 3 кг за две недели, има и многу здравствени предности – постењето позитивно влијае на организмот и спречува појава на Паркинсонова болест и Алцхајмер.

Ова е сѐ супер, ама што да се јаде за време на тие 2 дена?

Еве неколку здрави предлози:

Доручек:
Омлет со печурки (143 калории)

  • 2 јајца
  • 100 г. печурки
  • малку маслиново масло

Загрејте го маслото во тавче и додајте ги исецканите печурки. Пропржете ги и додајте ги изматените јајца. Зачинете по желба со сол и бибер.

Ручек:
Супа со брокули (142 калории)

  • 100 гр. брокули
  • 44 гр. кромид
  • 1 коцка супа
  • 100 гр. компир
  • 1 лажиче маслиново масло

Пропржете го кромидот на малку маслиново масло, додајте ги ситно сецканиот компир и брокулите. Додајте и 1 литар вода и варете на тивок оган. Откако ќе проврие, ставете коцка супа и други зачини по вкус (сол, бибер).

Вечера:
Туна салата (211 калории)

  • 1 конзерва туна во масло
  • 100 гр. марула
  • зачини по желба

Измијте ја убаво марулата, исецкајте ја и додајте ја туната. Зачинете со сол и бибер и уживајте!

Супер вест е дека до сега сте конзумирале само 500 калории, а оброците се обилни и во ниту еден момент не останувате гладни. Плус, може да пиете чај и кафе колку сакате, нормално без шеќер!