Видео интервју со Ули Штек

Ули Штек, Анапурна, алпинизам и соло искачувања

Видео интевју со Ули Штек, направено од страна на Ерве Бармасе, по историското соло искачување на Јужната Стрна на Анапурна (8091 м.н.в., Хималаи, Непал) на 9 октомври 2013 година.

„Секогаш ми беше сон да качам една ваква линија на 8000 m-ски врв.” Вака Ули Штек го започнува разговорот со италијанскиот алпинист Ерве Бармасе (Hervè Barmasse). Интервјуто е направено за време на состанокот во седиштето на Scarpa само една недела по неверојатното соло на Штек по огромната Јужна Стена на Анапурна.

Тука е повеќе раскажано за обидите во 2007 и 2008, неговите качувачки легенди, разликите межу солирањето во Алпите и Хималаите, неговиот тренинг и важноста на физичката и менталната сила. И сè на сè, најважното дека тоа го прави само за себе. Не треба да го пропуштите!