Сладок лек за болното грло

Прва анатомска структура на удар од ладниот воздух се токму грлото и гласните жици, па ако веќе моткате шалови околу вратот и не можете да пуштите глас, туку само шепкате заради воспаление на гласниците, направете си домашен сладок лек, сигурно веќе состојките ги имате во кујната.

 
  • путер*
    органски мед
    куркумин

Потребни ви се само путер, мед и куркумин. Односот на состојките е 2:2:1, а како мерка може да ви послужи помала или поголема лажица, во зависност од количината која сакате да ја направите. Едноставно измешајте ги сите состојки за убаво да се соединат и чувајте на темно место, на собна температура.

Во текот на денот, повеќе пати земајте по една мала лажичка од смесата, така што ќе ја пропуштите да се растопи низ грлото.

Куркуминот има силно антибактериско и антивоспалително дејство. Путерот делува така што го обложува грлото, што е особено полезно кај сувите и непродуктивни кашлици, така што ќе спречи дополнителна иритација на слузницата, а и самиот мед има благотворно дејство врз воспаленото грло. 

*Постои уште една варијанта на овој лек која го заменува путерот (во истиот сооднос) со кокосово масло. Исто и кокосовото масло ќе делува обложувачки врз слузницата во грлото и ќе ги олесни симптомите на сувата кашлица.