Морски плодови со зеленчук

Лигњи, печурки и брокула

Оброк кој може да ви одземе најмногу 20тина минути за подготвување. Лесен е за навечер, доколку имате потреба покасно да јадете.

 

  • Лигни
  • Брокула
  • Печурки
  • Сушен босилек
  • Кари
  • Вегета
  • Лимон
ПОДГОТОВКА
 

1. Брз и едноставен оброк, лесен за вечерните часови. Прво ја подготвувате брокулата, по желба додавате морковче. Зачини кои ги додавам се вегета, сушен босилек и малку кари. Пржите неколку минутки и потоа додавате малку вода но не да го преполните тавчето туку некаде околу два прста вода.

2. Оставете да се крчка околу 7-10 минути во зависност од тоа колку сакате да биде мека. Потоа посебно ги пржите печурките, секако свежи, а не маринирани печурки. Откако ќе ги испржите по желба може да додадете доматен сос за поубав вкус.

3. И секако на крај се лигњите. Јас ги ставив смрзнати директно во тавче и ги пржев на повисока температура. Водата која ќе излегува од нив доколку не ви испарува брзо морате да ја цедите постојано, бидејќи ако ја оставите така ќе се сварат. За вкус додавате вегета или сол и лук во прав. Пржете ги по ваша желба. Ги сервирате со лимон.

Се надевам дека ќе ви се допадне! 🙂

Автор

Galena Petkovska

Скопје

Македонија