JC Македонија во поход на развивање на ин-лајн сцената

Причината за оваа сешн дружба е малиот број на луѓе кои возиме ролери, а ретко кога се собираме сите заедно. А целта е обратното, да нè има повеќе и почесто да бидеме на терен како екипа.

Повод беше убавото време во Скопје тој период кое решивме да го искористиме, па тимот на ЈС во Македонија одлучи да организира едно групно возење. Одбрани беа неколку локации од градот како кејот на Вардар под Камениот Мост, жолтата шипка кај Жабарот и сепарињата во Градскиот Парк.

За сето тоа да биде по интересно и бар малце примамливо решивме за тој што најдобро ќе се покаже и извози на сешнот да добие маица од ЈС со слоган “BE THE WORST”. Сè помина во најдобар ред се возевме и дружевме и одеше како подмачкано :), а имаше и луѓе од други градови како Битола и Прилеп.

На крајот од сешнот дојде ред да се прогласи човекот кој најдобро се покажал и извозил на сешнот. Таа чест ја имаше Стефан Шевченко кој е еден од најмалдата генерација во, така да се изразиме, агресив возењето ролери кај нас.