Осум од Осум за Друже

Давор Петровски освои 8 медали од 8 трки на Меѓународниот пливачки митинг 13 Ноември

На митингот учество земаа 420 пливачи од 29 пливачки клубови и тоа од Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Русија, Израел и Македонија.

Петровски Давор – ДРУЖЕ кој е роден 2000г. на Меѓународниот пливачки митинг 13 Ноември кој се одржа на базенот Борис Трајковски на 16.11-17.11.2013 освои вкупно 8 златни медали од исто толку трки.

Давор се пласира на 3-то место според освоени медали и беше најдобар во својата категорија/пливачи родени 2000/01 годиште.

Тој ги освои медалите во следните дисциплини:

50м,100м и 200м слободно,50м и 100м делфин,100м и 200м мешано,50м грбно

Давор тренира секој ден на Олимпискиот базен – Центар и е одличен ученик во деветолетка во ОУ „Лазо Ангеловски“, а покрај пливањето сака и скијање и нуркање за што веќе има и еден сертификат.