Учесници од повеќе клубови и повеќе различни вештини од цела Македонија

Успешно заврши семинарот за Бразилска Џиу Џица & ММА во Прилеп

Викендов во организација на „Д Стронгест & РООТС БЏЏ Прилеп“ се одржа вториот семинар оваа година во Прилеп предводен од Председателот на Македонската Федерација за БЏЏ и Основач на „Д Стронгест & РООТС БЏЏ Македонија“, Алексовски Ивица.

Заедно со своите инструктори и носители на сини појаси на БЏЏ тој презентираше интересни и реално применливи техники од бразилската џиу џица. Интересот за оваа вештина во Прилеп секојденвно се зголемува благодарение на клубот „Д Стронгест & РООТС БЏЏ Прилеп“ кој денес е дел од Националната Спортска Федерација.

Интересно е за нашите читатели да кажеме нешто повеќе за женските представниците на Прилеп. Тоа се Катерина Атанасоска и Ивона Тренкоскатоа, две многу посветени девојки кои уживаат во тренинзите и спаринзите со своите машки колеги од клубот кои на семинарот од Алексовски ги добија своите први ленти на белиот појас.

Истотака и представниците од БЏЏ клубот „Д Стронгест & РООТС БЏЏ Охрид“ од Охрид, Благоја Трајчевски и Дејан Чолевски се стекнаа со втората лента на белиот појас. Им честитаме за постигнатото достигнување и да го продолат својот макотрпен пат кон црниот појас.

На семинарот имаше членови од горенаведените клубови, но имаше и љубители на БЏЏ од џудо клубот „Сеишин“ и клубот за борење „7 Мај“.

Семинарот вообичаено помина со дружење и уживање во изведување на зададените техники од Алексовски. На крајот сите учесници добија Сертификат за учество.

Следниот семинар во Прилеп ќе се одржи во месец април 2014 година, ни предстои семинарот за БЏЏ & ММА под водство на Проф. Роберт Наумоски кои ќе се одржи на 30.11/01.12.2013 година во Скопје.

Видео презентација од семинарот во Прилеп..