Потсетување на 2005 година

Видео по повод 80 години постоење на ПД „Љуботен“

По повод јубилејот 80 години постоење, од 1925 до 2005, на најстарото планинарско друштво во Македонија ПД „Љуботен“ Тетово, направивме видео клип од некој активности на клубот. Во него беа користени материјали од качувања на Јован Попоски, Сашко Мирчески, Мирослав Ристевски, Дарко Спировски и Јас, на различни места од Алпите, Македонија па сè до Јужна Америка.