Качувањето и Олимпијадата

Качувањето мраз оди на Олимпијадата во Сочи

Минатиот мај, во ждрепка во Санкт Петерсбург, Русија, спортското качување отпадна од Олимпијадата во 2020 година. Безболот, борењето и сквошот продолжија, а во септемвриската сесија на Меѓународниот Олимписки Комитет во Буенос Ариес беше додадено борењето. Да видиме што ќе се случува со качувањето мраз во Сочи.

Она што не го знаете е дека качувањето било на Олимпијада, и пак ќе го има. Во 2006 година Емили Харингтон, која ја освои наградата Serre Chevalier на Главниот Шампионат таа година, беше спортски претставник на спортското качување за време на Олимписките игри во Торино, Италија. Исто така беа поканети и Вадим Винокур и од Канада, Мајк Дојл.

Овој февруари, пет северномаериканци се на пат кон Сочи, за „културна демонстрација“, што и да значи тоа. Со екипата од Северна Америка се: Кендра Стрич, од Минесота но Живе во Калгари, Алберта; Марк Беверли од Албакерки (организатор на американската екипа) и Арон Монтгомери, од Брумфилд, Колорадо; заедно со Џен Олсон од Канмор, Алберта, и Гордон МекАртур од Гелф, Онтарио, за Канада.

Интернет станицата на UIAA (Меѓународната Унија на Алпинистички Асоцијации) вели:

  • „Спортистите од членките федерации на UIAA ќе учествуваат на двонеделниот фестивал во Сочи кој ќе се одржи во исто време со Олипмиските Игри.“

Урс Штекер, претседателот за Качување на мраз при UIAA, го нагоди овогодинешниот календар на натпревари „за да се обезбеди спортистите да бидат во можност да присуствуваат на случувањата за Зимската Олимпијада во Сочи од 7 – 23 февруари 2014 година.” Интернет страницата ја дава визијата на UIAA дека со Сочи би можел да се отвори патот кон Олимписко вклучување на качувањето.

Така е, но изгледа дека никој не знае што ќе прават качувачите на мраз, барем не се` уште.

Кендра Стрич дава одредени информации: „Ќе демонстрираме качување во водство (тежинско) и брзинско“, вели таа, „исто така ќе подучуваме на вештачките мразови неколку дена.“ Водство (тежинско) и брзинско се два различни формати (дисциплини) во натпреварувачкото качување.

Арон Монтгомери вели: „Како што разбрав, сакаат да изградат структура и од спортистите ќе бараат да качуваат по неа (не е лошо барање) за да се демонстрира спортот на луѓето. Мислам дека нема да има некој организиран натпревар.“

Џен Олсон, пак, тешко може да замисли дека нема да има. „Русите доминираат“, вели таа со доза на хумор. „Тие се доста добри во спортов. Ќе сакаат тоа секому да го покажат!”

Олимпијадата на качувањето мраз/комбинација (микс), особено на денешниот атлетски и шарен спорт, може да му даде една видливост која никогаш ја немало. Креативните поставувачи на насоки ја покажаа идејата на стимулативната природа, и како да лансираат вешти качувачи по вештачките карпи, висечки цилиндри, геометриски фигури како и мразулци

Марк Беверли прави добар потег за потенцијалната слика која треба да ја постави качувањето и да може да ги стави гледачите „на работ на нивните столчиња.”

  • „Тежинските натпревари не дозволуваат долг процес на одлука, ги тера качувачите да се движат. Падовите се некогаш воодушевувачки и неочекувани… Брзинското е возбудливо како натпревар гради-в-гради.“

Вадим Винокур се сеќава дека во Торино било „доста неструктуирано”, со вештачки болдери монтирани во локалната сала „за луѓето да можат да нè гледаат. „Беше доста забавно”, се сеќава тој, „да се дружам и качувам со пријателите од другите национални екипи. Престојувавме во хотел оддеелен од Олимпијците но во истиот град. Го сретнав Шон Вајт кога го освои неговото прво олипмиско злато. Тие ни најдоа билети за полуфиналето во халф-пајп мажи. Сè на сè, беше добро искуство… да се даде малку олимписко внимание за качувачите и за нашиот спорт.”

Марк Беверли изјавува: „Да се претставува САД во Сочи е огромна работа за мене. Стојам на рамењата на моите ментори, на Џеф Лоу и Крег Луебен, и да го пренесам факелот на следната генерација на претставници на Олимпијадата. Ова е нешто многу возбудливо за качувањето мраз.”

Да се надеваме дека еден ден качувањето, било кое качување, ќе биде дел од Олимпијадата.

Автор

Nikola Andonoski

Гостивар

Македонија