Rock ‘n’ Roll: Музичко бустање на мозочето

Сакате ли да ја избустате моќта на мозочето кај вашето дете? Тогаш запознајте ги со некој музички инструмент. Скорешни истражувања укажуваат на тоа дека доколку детето свири некој музички инструмент, истиот ја оджува “острината” на мозокот како што расте и возраста кај детето. Но тоа не е единствениот бенефит. Развојот на социјални вештини и можеби откривање на талент се само дел од останатите…

Еве неколку предлози:

Тапани – Доколку вашето малечко сака да удира по тенџериња и тави тогаш тоа има потенцијал да свири на тапани. Не само што е кул, туку е и одлична физичка активност. Студиите велат дека профи тапанари согоруваат 250 – 600 калории. Не е така лошо за интрумент каде само си седиш и удираш.

Кларинет – Овој инструмент му дава на вашето дете да свири во повеќе прилики: приредби, паради, бендови и сл. Згора на сè, со тоа дишење ќе го подобри капацитетот на белите дробови.

Харфа – Нечесто децата се одлучуваат за овој инструмент. Но докажано е дека дури и родителите може да имаат корист, бидејќи свирењето на харфа го намалува крвниот притисок и смирува.

Гитара – Можеби нема да ви се допаѓа вашето дете да ”Move Like Jagger” ама многу веројатно ќе се гордеете на усовршените вештини да свири на овој многу посакуван инструмент.

Флејта – Со помош на овој инструмент се буста мозочето, се подобрува капацитетот на белите дробови и се градат мускули на рацете (пробајте да држите флејта во рок од еден час). За помалите дечиња постои и таканаречена “пиколо” која е со помали димензии.

Виолина – Сите инструменти бараат концентрација, но виолината ги надминува сите. Покрај тоа мора да бидете мулти таскинг додека манипулирате со жиците на виолината со едната рака, а со другата го движите лакот. Виолината ги учи децата на посветеност и дисциплина уште во раната возраст.

Труба – Доколку се одлучите за труба, вашето дете ќе развие брзи рефлекси.

Let’s Rock ‘n’ Roll!!!!