Оралното здравје и спортистите

Оралното здравје и влијанието врз спортските резултати

Оралното здравје влијае на перформансите на спортистите но самите тие многу не внимаваат на нивното орално здравје.

На последните Летни Олимписки Игри во Лондон во 2012 година преку 300-та спортисти- учесници на самите игри учествуваа во истражувањето за оралното здравје,студијата ја предводеше Иен Нидлман кој појде од хипотезата дека оралното здравје влијае на квалитетот на живот а со тоа и на квалитетот на тренингот и преформансите на самите спортисти.

Нидлман е професор по стоматологија на Унверзитет во Лондон

Имаше многу случаи на кариес, што беше изненадувачки. Преку половина од спортистите имаа ваков проблем. И не само тоа. Многу болести на непцата, ерозија на забите, заради храна и пијалоци со киселина, и – траума, што се очекува кај оние кои се занимаваат со контактните спортови“, вели Нидлман.

Нидлман додава дека стоматолошките проблеми се изненадувачки, со оглед на фактот што многумина спортисти се млади, тинејџери и нешто постари.

Млади се, со солидна здравствена грижа и свест за одржување на здравјето. Но, од одредени причини, оралната хигиена им се провлекла“, смета овој експерт.

Како резултат, велат спроведувачите на студијата, спортистите можно е да имале болка што им попречила во непречено одвивање на тренинзите. Проблемите поврзани со оралното здравје, велат тие, може да влијаат на самодовербата на овие спортисти. А добриот перфоманс во голем дел е поврзан со самодовербата.

Исто така, познато е дека зачестеното конзумирање на јаглени хидрати, веројатно од специјалните напитоци за спортисти, може само го влоши проблемот. Дополнително, интензивниот тренинг може да го ослабе имунитетот за да не може да се справи со инфекцијата.

Затоа е важно да се следат основните правила на Оралната хигиена, редовно миење на забите после секое јадење, намалено внесување на благи работи (иако тренингот тоа го бара) и редовна посета на стоматолог.