Одлични услови на Пелерините

Јубилејно искачување на „Beyond Good and Evil“

Минатата недела, неколку француски наврски ја искачија модерната класика, за чие првенствено искачување на 22 април 1992 година се потпишаа Енди Паркин (Andy Parkin) и Марк Твајт (Mark Twight), при нивниот трет обид. За јубилејот е снимена фотографска и филмска репортажа во оваа стрмно мајсторско дело на Aiguille des Pélerins, во масивот на Мон Блан во Француските Алпи. 

Во својата книга „Eкстремен Алпинизам: Качувајте лесни, брзо и високо” Марк Твајт пишува:

„За насоката „Beyond Good and Evil“, на северната страна на Aiguille des Pelerins во Френцуските Алпи, ми беа потребни три посети на училницата пред да сфатиме како да ја качиме..“

„За време на првенственото искачување на оваа насока на северната страна на Аiguille des Pelerins над Шамони, Andy Parkin го загуби кладивото при јумарење во дванаесеттиот цуг. Вадењето клинови со лопатката на Barracuda-та беше крајно смешно, но ковањето беше потешко и не можеше да ги закова доволно длабоко. Како што го започна тринаесеттиот цуг и стигна на 3 m над сидриштето – без поставено осигурување – падна.

Беше пад со Фактор 2, секако, изложувајќи ги на максимален удар на нашите сомнителните сидришни точки. Едната рака ми беше в ранец барајќи храна додека тој падна. Ненамерно му дадов динамичко обезбедување, кое го намали ударот и веројатно нè спаси од паѓање до долу….”

Во вториот том на алпинистичкиот водич за комбинирани насоки во масивот на Мон Блан „Snow, Ice and Mixed”, насоката „Beyond Good and Evil“ е оценета како V5+, 5c и А1/А2. Во оваа книга Франсоа Дамилано (Franoçоis Damilano) пишува:

„Четиринаесет исклучителни јажеви должини од сурово комбинирано (микс) качување на студена и аскетска стена. Смело качување со минимално осигурување.“ Во 1999 година, беше поставен спит во насоката Су Алто, изненадувачко нешто, со оглед на етиката на првенствените искачувачи и стилот на качување. Да го цитирам Жорж Ливанос: „Треба да бидете преплашени до смрт за да влезете во Су Алто или Соледер со опрема со спитови.“

Одредени делови од насоката при првенственото искачување се поминати со тешко и смело техничко искачување. Повеќето делови своето слободно повторување го имаат видено само поради подебелиот слој на снег и/или мраз при наредните повторувања. Првото слободно повторување (вклучувајќи го и најтешкиот клучен дел, оценет со А1/А2) го имаат направено амриканскиот алпинист Stephen Koch и словенечкиот алпинист Марко Презељ.

Најголемиот број на наврски го избегнуваат клучниот дел, последните 2 најтешки цугови и излегуваат низ насоката „Rébuffat-Terray”. Првенствените искачувачи Марк Твајт и Енди Паркин при сите обиди и првото комплетно искачување немаат користено експанзивни клинови, ви ниеден дел од насоката, дури ни на сидриштата ниту за абзели. Подоцнежното поставување на спитови на еден алпинист при повлекувањето по неуспешниот обид за соло искачување на „Beyond Good and Evil”, наиде на строга осуда и дрски комeнтари од најмногу од страна на Марк Твајт, човекот кој ја даде модерната дефиниција за тоа што е ектремен алпинизам.

Оваа насока, во своето време претставyва највизионерската линија во овој дел од светот, и ден денес за сите алпинисти качувањето во „Beyond Good and Evil“ има огромнo значење.

За фотографиите се погрижи Џон Грифит (Jon Griffith), кој и самиот ја качуваше „Beyond Good and Evil“.