Кејот на Вардар во знакот на четвртото дуатлон првенство

Четвртото Дуатлон Првенство се оджа денес на 03.11.2013 во одлични временски услови и организација. Околу 50 натпреварувачи настапија на последниот натпревар кој се бодува за шампионат на Триатлон Федерацијата на Македонија.

Во категоријата Сениори најдобар беше Стојан Поповски од С.К.СОФКА пред Игор Јакимовски и Кристијан Марковски. Гаревски Лука(С.К.СОФКА) беше најдобар кај Јуниорите, пред Стефан Стојановски (ИАО) и Атанас Бајрактаров (СОФКА) од девојките убедливо најдобра беше Росица Костова (СОФКА)

Мастерс – Љупчо Рафески (СОФКА)
Кадетки Верица Миреска (Титани)
Кадети Цветко Митрески (Титани)

Во пионерските категории масовноста станува се поголема а секако и квалитетот.

Помлади Пионери: Давид Мијалов (АНА-ДА)
Помлади Пионерки Бојана Ѓорѓиоска (Титани)
Постари пионери Славе Бехлимов (АНА ДА)
Постари Пионерки Марија Лујза Митреска (ТИТАНИ)

Во 2013 година се одржаа вкупно 7 државни првенства, најмногу до сега, од кои 4 Дуатлон и 3 триатлон натпревари. Сезоната денес ја затораме со големи резултати, зголемено членство и големи очекувања. Во 2014 година започнуваме со првиот дуатлон натпревар во Скопје на Кеј во втората половина од Март.

Автор

Macedonian Triathlon Federation

Скопје

Македонија