Јужна Стена на Анапурна

Прво повторување на Лафајевата насока (ажуриранo)

Баш како што постмонсунската сезона на 8000 м-ските врвови привршува, големите вести повторно доаѓаат од Анапурна. Изгледа дека првото повотрување на Лафајевата насока беше извршено од страна на двајца француски алпинисти, Јаник Грацијани и Стефан Беноа во алпски стил, само две седмици по првенственото искачување на Ули Штек

Новиот специјалист за 7000 м-ски врвови, Јаник Грацијани (Yannick Graziani) и алпинист со номнации за златен Цепин во 2003 и 2009 година, и Стефан Беноа (Stephane Benoist) стигнаа на врвот утрото на 24 октомври 2013 година, по искачувањето на Јужната Стена на Анапурна, по околу недела дена откако го напуштија напредниот Базен Логор.

Обидот во 2010

Јаник и Стефан претходно имаа обид во 2010 година. Пристигнаа на Базниот Логор во последната седмица од септември таа година, и се аклиматизираа на близок 6100 м-ски врв, пред да достигнат височина од 7219 м.н.в. на Јужна Анапурна. Пристигнаа на врвот на Јужна Анапурна на 7 октомври и се вратија во Базниот Логор на 8 октомври.

По еднонеделн одмор, наврската беше подготвена за Анапурна I по Јапонската насока, но лошото време ги натера да чекаат уште 7 дена. Конечно, тие беа во можност да започнат со искачување на 22 октомври. И покрај нормалниот снег и предизвикувачките услови, продолжија со искачување до 25 октомври, кога беа присилени да се повлечат од 6800 м.н.в. поради претерана снежна покривка и бавно напредување.

Оваа година

Наврската ја напушта Франција во средината на третата недела од септември оваа година, за повторен обид на Анапурна. Тие го поставија Базниот Логор на 30 септември и тргнаа да качуваат на безимен 6100 м-ски врв близу јужните падини на Анапурна III. Во тој миг, кога неверојатното 28-часовно соло на Ули Штек по Јужната Стена на Анапурна I претстоеше, француската наврска се аклиматизираше на друг безимен 6505 м-ски врв на јужниот обрач на Анапурна Sanctuary, меѓу Анапурна III и Гандарба Чули.

Беноа и Гразијани го качија карактеристичниот кулоар на југоизападното крило (700 m, TD- со делови од 90°) и поминаа две ноќи на врвот.

За време на втората ноќ тие добија ЅМЅ-порака од Штек (првичната намера била сите тројца да извадат заедничка дозвола за анапурна), во кја им рекол дека ќе оди на анапурна таа вечер.

Додека стигнале долу, Штек веќе бил тргнат. Истрчал од базниот логор до Похара за еден ден. Французите биле одушевени дека Штек ја качил јужната стена по само една аклиматизација до 6500 m н.в

Период од лоши временски услови со нови 30-40 cm снег на јужната страна од масивот Анапурна ги натера двајцата французи да чекаат до 17 октомври пред зпаочнување на главното искачување.

Наврската избра различна и побезбедна линија од онаа на Штек, прво на капрестио појас на левата страна на малиот кулоар, за да достигнат на бивакот на околу 6100 m н.в.
Oд таму тргнаа по кулоарот (50-70°) до безбедно место за бивак на околу 6650 m н.в. на Јапонскиот Столб, место што претходно гознаеја од претходниот обид во 2010.

Времето тогаш уште повеќе се влошува, со снег и ветер. По поминувањето на 3 ноќи на овој бивак, наврската јадеше, пиеше и одмараше, па качија нагоре во лево за да достигнат до подножјето на карпестата барера на околу 7100 m н.в.
Тук, Беноа водел, качиле 4 тешки цугови. Два цуга биле доста сложени, со тенок, лош за осигурување, деликатен вертикален мраз.

Следниот ден, отккао ги надминале тешките цугови (80-90°) скоро стигнуваат до врвот на бариерата, и бивакуваат на 7400 m н.в. на средината од бариерата, забележуваат, во десниот дел, еден френд со круто тело и карабинер, најверојатно остаток од обидот на Беган и Лафа. Исто така ги забалежале трагите на Штек на околу 7300 m н.в.

Следниот ден наврската качува уште неколку тешки цугови (повеќето тешки повторно ги води Беноа) до бивакот на 7550 m н.в. и следниот ден стигнуваат на врвот.
Веднаш започнуваа да слегуваат кон бивакот на 7400 m н.в., но веќе Беноа не се чувствува добро, и се движи сè побавно. Ноќта била ветровита, а прогнозриан бил и снег.
Следниот ден, Грацијани ги подготвувал абзелите, наврската стигнала под подножјето на карпестата бариера, и по инсистирање на Грацијани, продолжуваат надоле и за време на ноќта. Но челните лампи не им работеле, па Грацијани ги местел абзелите со светлината од запалениот горилник.

Продолжуваат во ноќта, а сидриштата стануваат сè понесигурни, до нивниот прв бивак, каде преспиваат неколку часа (тогаш им се потршило целото гориво). За среќа, ноќта била мирна, прогнозираниот снег не дошол, и Грацијани бил во можност да работи со голи раце.

Наврската стигнува на бергшрундот на 26 октомври и потоа за шест часа стигнуваат до напредниот базен логор. Сфаќајќи дека ниеден од нив не може да продолжи надолу, следниот ден со соларниот панел г полнат сателитскиот телефон и повикуваат хеликоптер.
На 28 октомври обајцата французи стигнуваат во Катманду, каде Беноа останува во болница, каде е подложен на лекување за сериозните смрзнатини на прстите од рацете и нозете. Грацијани имал повеќе среќа, и сето патешествие го поминува неповреден.
Иако ова искачување се наоѓа во сенката на она што го направи Штек, сепак има огромно значење, бидејќи се случува скоро веднаш по првенственото искачување, направено е во алпски стил, и обајцата алпинисти успешно се соочуваат со сите тешкотии кон врвот и назад.

Автор

Nikola Andonoski

Гостивар

Македонија