Алкализирај се преку својата диета

Кога освен за симнување на некој килограм, сакате да го подобрите здравјето и да си додадете некоја година плус, а да изгледате 5 години минус…

Најновиот тренд во диететиката е т.н. алкална диета. Накратко алкалната диета е таков начин на исхрана што се стреми да го поправи ацидитетот во организмот и да го одржува pH индексот балансиран. pH индексот укажува на концентрацијата на водородни јони и се движи од 0 за најкисело до 14 за најалкално.

Подржувачите на оваа диета тргнуваат од фактот дека pH индексот на одредени системи во голема мера зависи од храната и сметаат дека месото, рибата, млечните производи, кафето, брусницата, сливата, лебот, пченката (познат ви е начинов на исхрана?) доведуваат од зголемување на киселоста во организмот, а со тоа ефектите врз здравјето се негативни. Крајниот ефект од долготрајно консумирање на продукти кои доведуваат до зголемена киселост се проблеми со дигестивниот систем, бубрезите, артритис, кожни проблеми, алергии, инфламација, хронични заболувања.

Од друга страна промотерите на алкалната диета, препорачуваат повеќе храна која доведува до алкализација и сметаат дека овој тип на храна, подмладува, витализира, се бори против хроничните болести, оксигенира, па дури и дека има антиканцерогено дејство. Во алкална храна спаѓаат зелените листести зеленуци, никулците, зеленчуковите супи и смути, овошјето, па дури и цитрусното, бидејќи иако кисело пред да се консумира, препаботениот остаток од цитрусното овошје во телото има алкално дејство.

Во продолжение повелете прегледна табела и оцена за секоја храна. За која половина ќе се одлучите?

Извор: Mind Body Green

Автор

Martina Mileva

Штип

Македонија