Скијање во Италија

Скијање во Италија (Вал ди Соле) Јануари 2014

СНЕЖЕН СВЕТ… СКИ ПАТЕКИ ВО ДОЛЖИНА ОД 270 КМ И 97 СКИ ЛИФТОВИ

Благодарение на уникатната географска положба помеѓу највисоките врвови на Централните и Источните Алпи, Вал ди Соле е една од најголемите долини која изобилува со врнежи од снег. Вал ди Соле претставува најголемиот скијачки регион во западниот дел од Трентино кој го сочинуваат 3 ски центри: Ски центарот DOLOMITI DI BRENTA (Folgarida – Marilleva, Madonna di Campiglio, Pinzolo), Ски центарот PASSO TONALE и Ски центарот PEIO.

Ски центрите PASSO TONALE (благодарение на ски лифтовите на глечерот Presena ) и PEIO ( со својата нова жичарница “PEJO 3000”) нудат можност за скијање на висина од 3000 метри н.в. Вистински рај за скијачи и сноубордери! Неверојатни ски патеки нуди и ски центарот DOLOMITI DI BRENTA ( Folgarida – Marilleva, Madonna di Campiglio, Pinzolo) на падините на планината Groste, со патеки во должина од 150 км достигнувајќи висина од 2500 метри н.в.

Вал ди Соле има одлични ски школи, снежни паркови, најнова опрема за изнајмување и јавен превоз до ски лифтовите. Вал ди Соле е идеално место и за не-скијачи со своите патеки за пешачење и екскурзии , cross- country скијање, лизгалишта и многу други можности за активен одмор!

Програма на патувањето:

Ден 1 (10 Јануари 2014) СКОПЈЕ – ВАЛ ДИ СОЛЕ

Состанок на групата во 17 часот пред Холидеј Ин. Поаѓање во 17.30 часот. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи на секој 4 часа за одмор и гранични и царински формалности.

Ден 2 (11 Јануари 2014) ВАЛ ДИ СОЛЕ

Пристигнување во Вал Ди Соле околу 12 часот. Сместување во апартмани. Слободно време. Ноќевање.

Ден 3 -6 (12 – 17 Јануари 2014) ВАЛ ДИ СОЛЕ

Престој во Вал ди Соле.

Ден 7 (18 Јануари 2014) ВАЛ ДИ СОЛЕ – СКОПЈЕ

Напуштање на апартманите до 10 часот. Поѓање за Скопје. Попатно посета на Љубљана и трговскиот центар BTC и City Park. Пауза за шопинг и одмор (4 часа). Дневно и ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи на секој 4 часа за одмор и гранични и царински формалности. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови. Крај на програмата.

Цена по лице:

445 €

цена за сопствен превоз: 350 €

Во цената е вклучено:

– Превоз на релација Скопје – Вал Ди Соле – Скопје во високотуристички автобус (клима, ТВ)

– Престој во 1/2 или 1/4 апартмани (bilo или mono standard) на база на 7 ноќевања во комплексот Residence Kristall (http://www.residencekristall.com/en/)

– Ски карта за 6 дена (SUPERSKIRAMA, валидна во ски центрите: FOLGARIDA-MARILLEVA-MADONNA DI CAMPIGLIO-PINZOLO, PEIO, PASSO TONALE)

– Трансфер до ски терените

– Постелнина, пешкири, користење на вода, струја и парно, финално чистење

– Организација и водство

Во цената НЕ е вклучено:

– Можност за доплата за оброци (цените се по лице од ден): појадок 5 € / полупансион (доручек и вечера) 17 € / само вечера 13 €; на денот на пристигнување „Специјална понуда” (welcome offer): пица + пијалок (0.20 мл) 6 €

– Патничко и здравствено осигурување

– Индивидуални трошоци

Опис на апартманите:

Residence Kristall апартманите се лоцирани во Marileva 900 на само 100 метри од ски лифтот кој води до ски патеките во Marilleva – Folgarida кои се поврзани со ски лифтови и жичари со Madonna di Campiglio.

Оддалечени се 800 метри од селото Mezzana, блиску до автобуската станица од каде поаѓаат сите ски буси до Passo Tonale и Pejo и на само 150 метри од железничката станица. На оддалеченост од 600 метри се наоѓа спортскиот центар во Mezzana када постојат услови за качување на карпа, тенис, одбојка и фудбал. Во близина на спортскиот центар има лизгалиште и област за cross country skiing.

Комплексот Ressidence Kristall има вкупно 38 апартмани (секој со комплетно опремена кујна), рецепција, заедничка ТВ соба, бесплатен интернет во заедничките простории.

Тип на апартмани:

Bilo Standard: дневна соба со два кревети, целосно опремена кујна, спална соба со два кревети (bunk bed), купатило со туш и фен. Вкупно 4 лица со можност за 5-ти кревет.

Mono Stuido: дневна соба со софа, целосно опремена кујна, купатило со туш и фен. Вкупно 2 лица со можност за дополнителен кревет

Автор

NO LIMIT TRAVEL

Скопје

Македонија