Возобновени трките со точаци по градските улици низ Охрид

Второ издание на Трофеј Благо Мостро

Времиња во црно бело, така барем ние во денешно време ги доживуваме од фотографиите, да се имало велосипед пред 80 години ти било вистинско богатство, Охриѓани пак ентузијасти и клуб оформиле, пишан документ сеуште не е најден низ архивите од државава, чекаме абер од архивот на предратна Југославија во Белград. 

23.10.2013 среда, празник неработен ден, со старт во 11:00 часот започнува второ издание на градската трка низ Охрид, Трофеј Благо Мостро во чест на иницијаторот на оформувањето на Охридскиот клуб во тогашно таканаречено србско време, и останатите 22-ца велосипедисти од сликата. На сликата не е забележана годината кога е сликано, но според возраста на препознаените лица, од десно на лево трет Благо Мостро роден 1913 до него Борис Недан – Фурнаџијата роден 1907, сликата е направена во периодот помеѓу 1928 и 1933.

Годините се и повод овој натпревар да биде јубиларен, приближно 80 години од оформувањето на велосипедскиот клуб во Охрид, 100 години од раѓањето на Благо Мостро, 120 години од оформувањето на Македонската Револуционерна Организација.

Последната трка низ градските улици во Охрид се одржала далечната 1967 година, во организација на тогашниот Сојузот на Спортови. На трката победил Драги Кичеец роден 1937 година и со своите 76 години, сеуште активен со својот велосипед. На сликата после победата 1958 година на трката Св.Наум – Охрид по макадам со контраш.  Г-дин Драги Кичеец ќе биде почесен гостин на натпреварот.

Повеќе информации и пропозиции за натпреварот на веб страната од Македонската Велосипедска Федерација  www.cfm.org.mk