Нови наслови во програмата на ЕХО фестивалот

Филм за кајак на диви води на ЕХО,

„Каскада“ – Forge motion pictures

Филмовите со кајак на види води ни стануваат дефинитивно едни од најомилените. Продукциите NRS и Forge повторно заедно со прекрасно ремек дело, преку кое на многу инспиративен начин ни го претставуваат патувањето низ џунглите во Мексико, на дел од најдобрите кајакари на диви води – во потрага по совршениот водопад. Ние едвај чекаме да го видиме ова на голем екран! А вие?


Еден од филмовите за МТБ велосипеди

„Не е лошо” – САД, 2013

Ова е приказна за една голема авантура. Приказна – за седум храбри возачи кои заедно тргнуваат на патување од сите страни на Земјата и стигнуваат во едно место на крајот на светот. Приказна без почеток и без крај, а помеѓу нив – неколку работи… Работи како на пример војна со јагули. Да, баш така: војна со јагули! Поради тоа гледајте го овој филм. Затоа што воопшто Не е лошо… 30 дена велосипедско лудување во Нов Зеланд.


 Темата на филмови се проширува и во ТРЕД и болдер качувањето, односно качување карпи во чист традиционален стил, со филмот:

„Одисеј” – Англија, 2012

Овој филм од продукцијата Hot Aches е прослава на качувањето во традиционален стил. Продуцент е Пол Дифли, а режисер Дом Буш и во период од нешто повеќе од еден час тие ја раскажуваат приказната на качувачите Џејмс Пирсон и Хајзел Финли (двајцата од Англија), Хансјорг Ауер (Австрија) и Каролин Кавалдини (Франција) – кои прават турнеја низ Британија, во обид да повторат дел од најстрашните и најинспиративни насоки „на островот”.

Филмот е базиран на нивното патување со еден голем жолт камион, нивниот „волшебен автобус” – низ неколку различни локалитети во Британија како на пример: Нортумберланд, Гогарт, Тремадог, Несклиф, Пемброк… Тој е уште повеќе „релевантен” со тоа што во него се појавуваат по двајца качувачи од различен пол, од различни средини на потекло – кои даваат одлична перспектива на качувањето во традиционален стил, а посебно Каролин бидејќи таа пред ова патување низ Британија – е исклучително спортски качувач. На Ехо ќе биде прикажан само делот од филмот кој се однесува на нејзиното искуство…


и неприкосновениот Дејв Меклод, кој растура на сите полиња..

„Дејв” – Англија, 2012

Без сомнение, Дејв Меклауд е еден од најдобрите качувачи во светот – познат по својата посветеност и фокусираност во тренингот. Може да се најдат на тони снимен материјал во кој се документира некој негов актуелен проект и во кој се прикажува како тој дисциплинирано се труди и успева во тоа што е наизглед невозможно. Но што е со него – како обичен човек?

Овој филм, снимен во Швајцарија е портрет на Дејв – преку комбинација на интервју и качување. Овој уникатен увид во неговиот живот му овозможува да ги сподели неговите искуства, идеи и мисли за тоа што тоа значи за него да се биде качувач и што навистина е потребно да се напредува и успее.

Останати ЕХО 2013 најави

Автор

Eho - Mountain film festival

Скопје

Македонија