Комерцијален текст

Подобрете го вашето здравје во солените соби на Витасол

ВИТАСОЛ е првиот центар за здравје, виталност и убавина, кој во Македонија отпочна со примена на солената терапија како 100% природна ароматерапија за подигање на имунитетот и за превентивна заштита на организмот од чести вирусни инфекции, настинки и грипови.

Солената терапија можат да ја применуваат луге што се здрави и кои сакаат да останат здрави, но секако и луѓе, кои имаат здравствени проблеми како на пример.
БРОНХИТИС, АСТМА, КАШЛИЦА, СИНУСИТИС, ОТИТИС, РИНИТИС, ЛАРИНГИТИС, ТОНЗИЛИТИСАЛЕРГИИ И АЛЕРГИСКИ РЕАКЦИИ, КОЖНИ ПРОБЛЕМИ, СЕБОРЕА, ДЕРМАТИТИС, ЕГЗЕМА, ПСОРИЈАЗА, БОЛКИ ВО ЗГЛОБОВИ-РЕУМА И АРТРИТИС,
ДЕПРЕСИЈА И СТРЕС, ХРОНИЧЕН ЗАМОР, НЕСОНИЦА, ХИПОТИРЕОДИЗАМ, ГАСТРИТИС, СЛАБА ЦИРКУЛАЦИЈА, ПРЕТЕРАНА ГОЈАЗНОСТ ИТН.
 
Солената терапија е клинички и научно испитана и докажана метода, без никакви контраиндикации и интеракции со лекови, комплементарна со било која медикаментозна терапија. Присутна е и широко распространета низ велнес и спа центри, хотели, клиники и санаториуми, во рамки на детски градинки и приватни домови и се повеќе се третира како стил на живот, кој повторно го доближува човекот до природата.
 
Солта претставува едно од најстарите хемиски соединенија, чија употребна вредност и корисност, човекот ја препознал многу одамна. Позитивното влијание на солта врз решавањето на одредени здравствени проблеми било познато уште од средниот век, од кога и датираат првите информации за успешно отстранети проблеми со респираторен систем на луѓе, кои работеле во солени рудници.

 Со цел да се доближи до што поголем дел на светската популација, се развила идејата за изградба на солени соби, атрактивно дизајнирани простории, во кои со помош на специјален уред халогенератор се врши постепено заситување на воздухот со ситни, суви аеросоли.
 
Постојат неколку причини за лековитото дејство на тие суви аеросоли врз нашето здравје. Како прво, хемискиот состав на медицинската сол:
натриум, калиум, калциум, магнезиум, бакар, железо, јод, литиум, селен-елементи од кои секој на свој начин е од огромно значење за метаболичките процеси и за нормалното и здраво функционирање на нашиот организам.
 
Големината на честиците кои халогенераторот ги гранулира и дифузира во солената соба е од 1-5 микрометри и тоа е оптимално за пенетрација до крајните делови на нашиот репираторен систем. При тоа  солта убива голем дел од бактериите и микроорганизмите на кои ќе наиде на својот пат, а истовремено и ја оздравува нашата слузокожа и ја прави поотпорна на надворешните штетни влијанија на тие исти микроорганизми од кои голем дел претставуваат алергени и причини за алергии. Затоа, токму солената терапија бележи висок степен на успешно отстранети проблеми од алергиска природа.
 
Друг фактор што ја прави солената терапија толку ефикасна во чувањето и подобрувањето на нашето здравје е фактот што тие суви аеросоли се всушност негативни јони. Имајќи во предвид дека негативните јони се наоѓаат во чиста и незагадена средина (покрај море, океани, водопади, на планина, присутни се во воздухот после дожд и грмотевици) и ги неутрализираат слободните радикали во нашиот организам, а за време на една солена терапија се присутни во огромна концентрација, со право се вели дека во солената соба ги дишеме витамините од воздухот и ја градиме нашата одбрамбена војска. И сето ова, БЕЗ ФАРМАКОЛОШКИ компоненти на сосема природен начин.
 
Ставете ја и Вие природата во служба на здравјето, повелете во ВИТАСОЛ и ВДИШЕТЕ ЗДРАВЈЕ!