Смути имуно бустање
Есенско зеленило

Дефинитивно утринско смути кое ќе ја разработи вашата машина со полна пареа. Нека не ве загрижува спирулината, едвај се чувствуваше на вкус.
- 1 банана
- 1/4 авокадо
- 1/2 круша
- 1/2 домашно јаболко
- 1 лажица гоџи бобинки
- грст аронија
- грст ореви, лешници и бадеми
- 1 лажица спирулина
- 1/2 лажиче чиа семе
- вода за регулирање на густината
Подготовка
1. Бананата, авокадото и крушата се лупат, додека јаболкото го оставивме со кора поради тоа што не е прскано.
2. Сите продукти се ставаат во блендер и се пасираат додека не се добие хомогена смеса. Притоа ќе треба да додадете малку вода за да ја регулирате густината.
3.Готово… Уживајте во утринскиот бустер!