Уште за солото на Анапурна I

Детали од искачувањето на Ули Штек

Веќе се достапни деталите за неверојатното соло искачување на 2500 м-ската јужна стена на Анапурна I кое го направи „Швајцарската Машина” Ули Штек. 

Тој иссолира нова насока по стената која е довршување на линијата која во 1992 година ја куачуваа Пјер Беган и Жан-Кристоф Лафај на левиот дел од стената, меѓу Британската наоска од 1970-година и Јапонската насока од 1981 година. Француската наврска стигна до 7200 м.н.в. кога Беган паднал, а Лафај почнал да качува надоле по стената, со ограничена количина на опрема.

Штек стапна на врвот на 8091 m високата Анапурна I во околу 2:00 часот по долго целодневно качување, и слезе по истата насока со качување надолу и неколку абзели. Во подножјето на стената стигнува само по 28 часа по тргнувањето.

Започна да качува на 9 октомври без јасно да ги искаже своите намери на своите колеги во екипата, канадскиот алпинист Дон Бови, пријателот Тенџи Шерпа (Tenji Sherpa) и фотографите Ден и Џени Патитучи (Dan и Janie Patitucci) и Џона Мејтусон (Jonah Matthewson). Ули Штек рекол дека можеби ќе застане на Логор 1 на околу 6100 м.н.в за да се аклиматизира, но екипата веќе насетувала нешто повеќе во неговиот ум.

  • „Можев да видам дека е се наоѓа во друго место со неговиот ум, посериозен, фокусиран да започне нешто толку сурово што има само неколку на планетава кои можат барем да помислат на такво нешто: да солираат првенствена насока на 8000 м-ски врв, само со мал ранец, и без кислород.“ изјави Ден Петручи.

Штек качи над Логор 1 до подножјето на огромниот карпест појас кој ја обвива средината на стената, и започнува на околу 7000 м.н.в. Засилениот ветер оддувувал мали снежни виулици и лавини и ја намалувал видливоста. Доцна попладнето, ископал снежна јама во глечерска пукнатина на околу 150 метри под главниот дел од стената и се решил да чека подобри услови. По заодот на сонцето ветрот стивнува и Штек продолжува со качување, следејќи ги јазиците од мраз и снег.

Му рекол својот пријател Џон Грифит дека условите се „единствени во сто години” по стената, дозволувајќи му побрзо посигурно качување отколку на сува карпа. Сепак, тоа беа секции со тенок мраз и наноси од снег над црн мраз, па Ули морал постојано да внимава. Откако излегува на крајот од стената, продолжува кон врвот по полноќ, и се враќа назад кон крајот на насоката и започнува со симнување (со качување надолу).

За првпат Штек бил забележан веднаш под снежната јама под карпестиот појас. Во напредниот базен логор, Бови добива порака од Штек во кај кажува дека затанал во јамата за малку да јаде и да пие, по „долгото качување во ноќта”. До пладне веќе бил симнат на глечерот со своите пријатели.

„Не прашав за оцена,” рече Грифит, кој зборуваше по телефон со Штек, во неделата. „За некое искачување мислам дека ја губи целата смисла за да се понижи само со прашањето за оценка. Тежината на овој вид искачување е да се биде „на тоа“ за сите 28 часа.”

На Штек, секако не му се туѓи тешките и брзи алпинистички солирања. Како дополнување на брзинските рекорди на северните стени на Ајгер, Матерхор и Гранд Жорас, тој ја иссолира јужната стена на Шишапангма (8013 m н.в.) за само 10 и пол часа, како и неодамнешното пречење на гребенот Пиотер Интеграл во Француските Алпи за 11 и пол часа.

Овие фотографии, како и многу други можете да ги видите на блогот на Патитучи