RUN 4 FUN

Деца и трчање

Одличен природен спорт со многу малку опрема. Важно: трчањето е забавна уживанција… Таму ставете го акцентот.

Неколку совети за пред почеток

• Проверете ја физичката подготвеност кај детето: без разлика дали ќе трча рекреативно или пак според некоја програма.

• Запомнете дека детските тела, без разлика што се млади и полни со енергија, го немаат истиот капацитет за перформанси на ниво како телото на возрасните. На пример, детските тела се почувствителни на топлина што значи дека е потребно да внесуваат многу течност и да се избегнува трчање во најтоплиот дел од денот.

Не заборавајте: Загревање пред тренингот и истегнување на листовите, задната ложа и флексорите на колковите по трчањето.

Форма

Поаѓајќи од тоа дека трчањето е природна активност повеќето деца сами развиваат сопствен стил или форма на трчање.

• Потсетувајте го вашето дете да ги опушта рацете и лицето додека трча.

• “Изгужван” израз на лицето и стиснати тупаници укажува на тензија што е знак дека интензитетот е превисок и детето повеќе се мачи отколку што ужива во трчањето. Исто како и возрасните, така и децата потребно е да се способни да си зборат за време на трчањето и да се смешкаат.

• Помогнете им да не “шлапаат” со цели стапала по земја со тоа што ќе ги охрабрите да си замислуваат дека трчаат со лесен чекор. Нека си замислат наместо да трчаат како стадо слонови дека се тигри кои многу лесно и тивко трчаат кон својот плен за да не го уплашат.

До каде треба?

Децата точно го знаат својот лимит и затоа слушајте ги кога ќе речат дека е време да застанат. Тие треба да трчаат се дотогаш додека се чувствуваат убаво и комфорно.

Лајл Мичел, директор на одделот за Спортска медицина при детската болница во Бостон вели дека деца под 14 години не треба да трчаат повеќе од 5км одеднаш од мошне важна причина, а тоа е дека коските се сеуште во равој и растечката р’скавицата е многу помека за разлика од онаа кај возрасните, а со тоа и многу почувствителна на повреди.

• Не го форсирајте вашето дете. Трчкајте со побавно темпо на помала дистанца. Сопрете кога ќе се умори.

Опрема – Добра Патика!!!

Последно но, не и неважно. Значи, точно е дека не терба многу опрема но, веројатно едно единствено и најважно се патиките. Не штедете на квалитетни и соодветни патики, со соодветна поддршка во предниот дел од стапалото и петата. Во зависност од тоа колку често трча вашето дете менувајте ги и патиките со првите знаци на распаѓање.