Виолетовата од виножитото

Колку е потемна бојата на зеленчукот, толку е поголема концентрацијата на антиоксиданси. А виолетовите тонови во природата се прилично темни. Еве што добивате од оваа боја…

Прва линија на одбрана

Или со други зборови делува уште пред канцерогените материи да нападнат така што ги деактивира. За ова својство се задолжени индолите, во најголема коцентрација во зелјестите растенија како зелката и карфиолот. На жалост виолетовиот карфиол кај нас го нема, но затоа зелчињата се достапни и ефтини.

Уште еден антиканцероген сојузник

А тоа е елагичната киселина која најмногу концентрирана ја има во бобинките како боровинките, капините и малините. Се смета дека оваа киселина има антипролиферативно дејство така што директно ја инхибира канцерогената ДНК. Освен тоа елагичната киселина ги намалила ефектите врз здравите клетки на хемотерапијата во една помала надежна студија.

И за крај најмоќните антиоксиданси…

Антоцијанините, резервирани само во виолетовите плодови го ослободуваат телото од слободните радикали, а со тоа пружат многукратен бенефит. Исто така делуваат и антиинфламаторно па се смета дека може да послужат и против хроничните воспалителни заболување. Најмногу антоцијанини ќе најдете во модриот патлиџан, поточно неговата лушта, аронијата, сливите…

За остатокот од виножитото и што другите бои може да направат за вас ако ја обоите вашата чинија повеќе на овој линк.