Параглајдинг авантура над Крушево

Отсекогаш ме привлекувале возбудливите и адреналински спортови, убавините на природата и најекстремниот начин на кој можам да дојдам во допир со нив. Овој пат го избрав параглајдингот… или тој ме избра мене 🙂

Возбуда, адреналин, мир, поглед – не може да биде поубав, слобода, позитивна енергија, а сето тоа создава завист, желба за повторна средба со птиците, е тие знаат што е уживање.

Летот беше воден од Игор Тодевски, еден од пионерите на македонскиот параглајдинг, а тргнувањето беше од Крушево. Пејсажите и глетката што нè следеше цел лет едноставно не може да се опишат со зборови. Ние високо на небото, под нас огромна зелена покривка, испреплетени патишта и по некоја куќа, а наоколу, некаде во далечината се издигнуваат планини…