Наместо капсули од аптека, рака бомбончиња од природата

Трнинка, повеќе од бодлива грмушка

Не се ни сомневавме во нејзите бенефити кога ја употебивме во вкусно смути. Еве што добивате од трнинката.

Стеблото е многу непријателски настроено кон берачите, има бројни трнчиња и е со црна боја, која е одличен контраст на белите пролетни цветчиња. Обично расте на видни места, покрај патишта, па возможно е многу пати да сте поминале покрај плодовите без да им обратите внимание. 

Плодот е топчест, ситен и со темновиолетова боја. Изобилува со витамин Ц и антоцијанини, кои имаат огромен антиоксидативен потенцијал. Лушпата има адстрингентно дејство, но е богата со танини, кои имаат ефект кај заболувања на дигестивниот тракт како колитис, дијареа и против зголемување на простата. Освен тоа џинот со трнинка (рецептот на крај) се смета дека помага кај артититс и проблеми со зглобовите.

  • Спиритуална тривиа: Посебен однос со трнинката имаат Келтите. Во нивната митологија местото каде што се наоѓа ова стебло е спој помеѓу овој и духовниот свет, а според ирските легенди, меѓу ливчињата на трниката живееле самовили кои ги заштитувале гранчињата од сечење помеѓу 11 ноевмри и 11 мај.

Ви дадовме смути предлог со трнинка, богат со антиоксиданси за “дерадикализација”, еве уште еден полнолетен рецепт за алкохолизација. Потребни ви се еден литар џин и еден килограм трнинки. Поделете го еднакво алкохолот во две шишиња, додајте ги трнинките. Оставете го џинот да отстои 6-8 недели, така што првите неколку недели ќе го превертувате двапати дневно, а потоа по еднаш. Таман ќе ви стаса за во ладните зимски денови.