Колку часа сон им е потребен на децата?

Многу добро е познато дека уморните деца се кенкави. Резултатите од една скорешна студија спроведена од истражувачки институт во Канада укажува на тоа дека само 27 минути повеќе детски сон значително го подобрува однесувањето кај младите, за што потврдуваат забелешките на наставниците.

Деца на возраст од 7 до 12 години потребно е да спијат окулу 10 до 11 часа, а голем процент не ја почитуваат оваа бројка, туку си легнуваат дури по 21:00 часот. Ова и не изгледа така доцна се додека не удрите една математика. Доколку детето станува во 7 часот наутро тоа треба да е веќе потонато во сон пред 21:00, а не да дреме пред телевизор, компјутер, или да си игра со пастата за заби и губи време.

“Продолженото спиење е ефективен, лесно изводлив начин да се подобри детското здравје и перформанси”, вели Ројт Грубер, директор и истражувач во Attention, Behavior and Sleep Lab – Douglas Institute, истражувачки центар во Квебек, Канада.

Научниците следеле/набљудувале група деца на возраст од 7 до 11 години. Половина од групата си легнувале подоцна (спиеле 54 минути помалку) од другата половина, која си легнувала порано (спиеле 27 минути повеќе). На наставниците не им било познато кои деца учествуваат во истражувањето и било потребно да го оценат нивното однесување во контекст на контрола на емоциите, импулсивни реакции и поспаност во текот на денот.

Одговорот веројатно го знаете и самите: Оние дечиња со ектра сон биле значително подобри во перформансите за време на училишниот ден, а остатокот се разбира пораздразливи и полесно фрустрирани. “Лишувањето од сон се одразува на меморијата, креативноста, мотивацијата и партиципирањето на час.” – посочува Ројт Грубер.

Тоа може да доведе дури и до нарушување на одност ученик – учител, успехот во училиште, социјалните вештини и согласувањето со соучениците.

Значи девет во кревет! Добра ноќ!