И пак рекорд на „Носот“

Не додржа ни рекордот за мешана наврска

На 1 октомври, прекрасното време во долината Јосемити им дозволи на Меин Смит-Гобат (Mayan Smith-Gobat) и Шон Лири (Sean Leary) да се надминат себеси, т.е. да го подобрат сопствениот рекорд за брзинско искачување на мешана наврска по „Носот” на Ел Капитен, кој го поставија неколку дена претходно.

Вкупно 31-иот цуг од „Носот” ги искачија за 3 часа и 30 минути и од претходниот (свој) рекорд скратија скоро 45 минути.

Меин и Шон во својот спринт по „Носот” претекнаа вкупно 11 други наврски. Со качување започнале доста рано, и замалку ќe се откажеле поради големата толпа качувачи пред нив. На сликата прикажани се како го качуваат последниот цуг.

Од ова може да се согледа дека новозеланѓанката Меин качува исклутичелно добро и многу придонесе за женското big-wall качување. Моментално таа и и Либи Соутер (Libby Sauter) го држат рекордот за најбрзо искачување на „Носот” од страна на женска наврска, за 5 часа и 39 минути.