Донер од скуша за ќеиф на душа

Сакате нешто нестандардно, а вкусно, што можете да го искомбинирате набрзинка и без многу маткање низ кујна. Се што ќе ви е потребно можеби веќе го имате при рака, но најпрво бидете сигурно дека ќе можете да најдете лаваш (тенок леб од кој се прави донер), го има по пазарите или директно отидете кај донерџиите. 

 
  • 1 Лимон
  • 100 г. Скуша, може димена, печена или од конзерва
  • 1 стракче магдонос
  • 1 стракче млад кромид
  • 50 грама бело сирење
  • Лаваш, количината зависна од апетитот… нели?
        
Подготовка

1. Исечете го лимонот на половина и со едната половина премачкајте го лавашот. Направате го тоа на две кори и спојте ги.

2. Поставате ја надолж скушата и додадете го сирењето, магдоносот и кромидот. На крајот исцедете маклу лимонов сок одозгора.

3. Свиткајте го лавашот во ролна и уживајте во блендот од вкусови и крцкање на звежиот магдонос и кромид.

4. Добар апетит! 
 

Автор

Ivan Jovanovski

Скопје

Македонија