Најава за нови филмови во програмата на ЕХО

Во теков на наредниот период, ЕХО – Денови на планинскиот филм ќе продолжи да ве информира за активностите на фестивалот и новитетие во програмата која ќе следи.

„Сина опсесија“ – САД 2011 од режисерот Алaн Гордон:

Завршив проект кој го размислував веќе скоро 8 години. Бев инспириран од француски филм кој го видов за време на планинскиот филмски фестивал во Банф. Имаше прекрасна сценографија за многу инспиративно качување и ски алпинизам.

На почетокот имав неколку различни идеи за филм, но потоа го намалив списокот и конечно донесов одлука: филмот да биде за качување на мраз на глечерите во Јуно. Во оваа област бев присутен долго време и одлучив да инвестирам лични средства и време за да снимам видео за едни од најпознатите глечери во светот. Овие глечери, но и други во таа област многу брзо се смалуваат и има големи шанси во текот на мојот живот таму да видам драматични промени. Како што истражувам и постојано пронаоѓам нови работи додека качувам, постојано се потсетувам колку сум среќен што можам да го искусам сето тоа.

Целта на мојот филм е да покажам места кои нема да бидат вечни. Тоа е можност која сакам да ја искористам: не само да истражувам туку и да снимам места кои постојано се во движење и кои постојано се топат. Низ годините видов многу пештери од мраз кои се формираа и кои потоа се топеа. Научив дека кога одиме таму некаде и кога ќе најдеме нешто прекрасно – тоа нема да трае вечно. Привилегија е да се биде до такво нешто. Кога ги гледам глечерите како се топат и смалуваат, тоа е и добро потсетување за тоа колку треба да бидеме внимателни со околината. Овие прекрасни нешта кои се наоѓаат во југоисточна Алјаска, нема да бидат овде вечно.

Ова е животна шанса…


„Промена“ – Словенија, 2013

Филм во кој се прикажуваат сцени од возење планински велосипед од страна на деветмина велосипедисти од Словенија, ни и двајца BMX возачи во слободен стил: тие се едни од најдобрите, најбрзите и најнадежните возачи од Словенија!

Други ЕХО новости и најави

Автор

Eho - Mountain film festival

Скопје

Македонија