Ехо новости – Not so far (Не толку далеку)

ЕХО денови на планинскиот филм, продолжува со промоција на филмовите кои ќе бидат дел од програмата од годинешното издание на 28/29/30/31 октомври 2013 во арт-киното фросина во МКЦ.

Не толку далеку – “Not so far”

Во 2011-тата, италијанскиот алпинист Ерве Бармас одбра три многу важни планини: Монт Блан, Монте Роса и Матерхорн – со цел да искачи нови насоки на нив. Овие три планини се едни од највисоките во Алпите и преку овој филм се прикажуваат авантурите на Ерве во нив: на Монт Блан заедно со двајца баскиски пријатели, тој искачува насока на левиот столб на Брулард, на Монте Роса тој искачи нова насока со својот татко Марко, а на Матерхорн – качуваше соло.

Ерве израсна во подножјето на Матерхорн и има качувано насекаде во светот, вклучувајќи ги овде Алпите, планините во Пакистан, во Патагонија… По толку многу патување тој увидува дека вредноста на искуството не зависи од планината, туку од погледот на алпинистот. Тој верува дека авантурата можеме да ја најдеме и во домашните планини: едноставно треба да се одбере невообичаена сезона, да се прифати ризикот и напорот и пред се’ – да се трага со голема пасија и фантазијата ќе си го направи своето.

Други Ехо новости