Сериозен смути стартер

Со ваков старт на денот, нема зима!
- 1 банана
- 1 парче печена/варена тиква
- грст аронија
- 1 доза хербалајф шејк од ванила
- грст бадеми ореви и лешници
- 1 лажица чиа семе
- 1 лажица гоџи бобинки
- грст мешани органски мусли
- 1 чаша јогурт (можете и со некакво млеко)
- вода за одредување на густина
Подготовка
1. Бананата се лупи и се додава во блендер со останатите состојки.
2. Смесата се пасира до посакуваната густина.
3. Потоа се префрла во шолја и се наросува со неколку гоџи бобинки и аронија за декорација и шмек.
4. Остатокот од смесата го замрзнав за сладолед, бидејќи дозата е за двајца.
5. Половина час пред да го испиете смутито, исцедете лимон во млака прочистена вода и додадете малку ѓумбир во прав со што ќе добиете напиток за детоксификација.