Нов рекорд на Ел Капитен

Нов брзински рекорд за мешана наврска по „Носот“

Меин Смит-Гобат (Mayan Smith-Gobat) од Нов Зеланд и американецот Шон Лири (Sean Leary) поставија нов брзински рекорд за искачување на мешана наврска по насоката „Носот” на Ел Капитен. Двојката за 4 часа и 22 минути ја искачи насоката долга 31 јажева должина, подобровуајќи го сопствениот резулат од пред една година за околу 5 минути.

Инаку, вреди да се напомене дека „The Nose” (VI 5.9 C2, 870 m) е култна насока. Искачен е во 1958 година од Ворен Хардинг (Warren Harding), Вејн Мери (Wayne Merry) и Џорџ Витмор (George Whitmore) и ден денес е една од најзначајните big-wall насоки во светот.

Уште од првото искачување па сè до денес на него се прават рекорди во брзинско искачување. Првото искачување траело 48 дена во период од 18 месеца, а завршното искачување на насоката до крај, 12 дена.

Првото повторување во 1960 година е направено за 7 дна од Ројал Робинс (Royal Robbins), Џо Фичен (Joe Fitschen), Чак Прат (Chuck Pratt) и Том Фрост (Tom Frost).

Првото еднодневно искачување е рализирано во 1975 година од Џон Лонг (Jon Long), Џим Бридвел (Jim Bridwell) и Били Вестбеј (Billy Westbay), за 17 часа и 40 минути.

Моменталниот рекорд на „Носот” го држат Ханс Флорин (Hans Florine) и Алекс Хонолд (Alex Honnold) и изнесува 2 часа, 23 минути и 46 секунди.

Автор

Nikola Andonoski

Гостивар

Македонија