Две насоки со тежина 9а+ за Ондра

Адам Ондра со две први искачувања на насоки со тежина 9а+

Минатиот викенд Адам Ондра направи први слободни искачувања на две насоки со тежина 9a+ во Норвешка: „Kangaroo’s Limb” и „Hell Racer”. Досега има качено 28 насоки со тежина 9a+ и потешки, од кои 19 се први слободни искачувања.

Еве што изјави Ондра за обете насоки:

„Уште една сезона во оваа прекрасна пештера е зад мене. Ми останаa многу проекти. Остана излезната варијанта на проектот на „Kangaroo’s” со dyno, со мамење. Специјалистите за dyno-движења, нека дојдат и нека пробаат! Можам да користам dyno како едно движење, но не сум многу близу да го поврзам.” рече за „Kangaroo’s Limb”.

Ова искачување го означи крајот на едномесечниот престој во Флатангер за време на кој Ондра исто така ги качи „Move” (9b/+) и „Iron Curtain” (9b).

На патот за назад кон Чешка, Ондра застана покрај Хел (Hell), Норвешка, и го направи првото слободно искачување на „Hell Racer” (9а+).

„По четвртиот ден, последниот во Норвешка, одлично време и добар начин да се каже довидување. Ми беа потребни вкупно четири дена. Доста сериозен болдеринг во тежок крај на насоката.” изјави Ондра за насоката.

Нa следното видео можете да видите како Ондра работи на насоката „Move“.

 

Автор

Nikola Andonoski

Гостивар

Македонија