Зеленчуково смути за квалитетен имунитет

Здраво подесен стартер на денот за имунолошко бустање, освежување и детоксификација во овој период на настинки и вирози.
- 1 средно цвекло
- 3 средни моркови
- 4-5 лестови блитва
- 1/2 авокадо
- 1 лажица чиа семе
- 1/2 сок од лимон
- мало парче корен од ѓумбир
- интегрален експандиран ориз
Подготовка
1. Цвеклото се лупи, а потоа заедно со морковите се сечкаат на помали парчиња.
2. Сите продукти, освен експандираниот ориз, се ставаат во блендер и се пасираат додека не се добие хомогена смеса.
3. На крај се додава и оризот наместо леб. Можете да додадете и варен ориз (видот нека биде по ваш вкус)